Вистина за согорувањето: Барем шест (илјади) причини денес да не запалите цигара

Пушачите, но и нивната околина, најдобро ќе ја разбираат штетноста на навиката за пушење цигари ако објасниме како се формираат повеќе од шест илјади супстанци, од кои околу 100 се класифицирани како штетни и потенцијално штетни. Сите тие се ослободуваат откако ќе се запали цигара, кога се јавува и процес на согорување.

vistina-za-sogoruvanjeto-barem-shest-iljadi-prichini-denes-da-ne-zapalite-cigara-01.jpg

Согорувањето на цигари започнува на околу 400 степени Целзиусови. Поради толку високата температура се создава чад од тутун кој пушачите го вдишуваат заедно со споменатите штетни материи.

Во моментот кога сметаме дека цигарата е запалена, нејзината температура достигнува до 900 степени, создавајќи токсини како јаглерод моноксид. Некои од овие штетни и потенцијално штетни состојки, следствено, можат да бидат причина за разни видови болести.

За подобро разбирање на овој проблем со согорувањето, потребно е да се направи јасна разлика помеѓу чадот од тутун и никотинот.

Најчестата заблуда кај голем број луѓе е дека никотинот е главната причина за болести поврзани со пушењето, а всушност тоа е чадот од тутунот. Никотинот, без сомнение, не е без ризик и предизвикува зависност.

Согорувањето не е решение, но дали може да има загревање?

Науката вели дека загревањето навистина може да биде решение. Благодарение на технологијата и резултатите од научните истражувања, развиени се алтернативи кои не произведуваат чад и со тоа ги намалуваат ризиците што ги носи согорувањето.

Овие алтернативи не се целосно без ризик затоа што користат тутун што содржи никотин, кој на крајот предизвикува зависен. Бидејќи е утврдено дека согорувањето на тутунот всушност произведува најголем број штетни материи, со елиминирање на овој процес, алтернативите без чад значително го намалуваат нивниот број.

Исто така, она што е важно да се нагласи е дека, доколку се произведуваат според строгите стандарди за квалитет и безбедност, а такви алтернативи може да се најдат во нашата земја, тие можат да бидат добра замена за луѓето кои инаку би продолжиле да пушат цигари.

Која е клучната разлика помеѓу традиционалните цигари и помалку штетните алтернативи?

Традиционалните цигари испуштаат чад од тутун, а помалку штетните алтернативи испуштаат аеросол. Аеросолот е комбинација на капки течност, цврсти честички и воздух, додека, пак, чадот од тутун содржи цврсти честички на јаглерод кои не се присутни во аеросолот.

Аеросолот што се ослободува при користење на алтернативи за загревање на тутун, изгледа само слично на чадот од тутун, но составот е значително различен, што е клучна разлика во споредба со традиционалните цигари.

Степенот до кој овие клучни разлики можат да направат вистинска разлика во секојдневната здравствена заштита е потврдено од бројни светски експерти и научни студии од областа на јавното здравје.

И сите од нив секогаш ќе ја истакнат најдобрата можна опција на секој пушач - а тоа е да се откажат целосно и истовремено од цигари и пушење. За оние кои поради некоја причина нема да го сторат тоа, опција може да биде информирање за концептот на намалување на штети и за научно засновани алтернативи кои можат да бидат дел од решението за проблемот со согорување.

Би можело да ве интересира:

Браво! Македонец 2 дена тетовира во хуманитарни цели, а парите ги донира за малиот Анѓел - Истетовир... „Оваа недела ја посветувам на една навистина важна и човечка цел - да му помогне...
Бебе родено во Скопје со 1.100g и срцева мана, по 50 дена си оди дома со 2.100g - Го оперирал д-р Ча... „По 50 дена континуирана борба, денес ова бебе се испишува во одлична општа...
Марко Новески емотивен откако децата му проодеа: „Случајно ги снимив првите чекори на ќерката - маги... „Пред некој ден додека го снимав Вања како го шета Тимон, сосема случајно ги фат...
Ивана Кнез, нерасположена, си направи празнични фотки со AI: „Збогум 2025-та, ми го искрши срцево не... Ивана Кнез за новата 2026-та вели: „Не е важно каква ќе е, ќе ја живееме“, откак...
На одмор со Ксенија Николова: „Со сопругот го посетивме Кипар за првпат - 2 лежалки и чадор беа 7 ев... „Сместени сме во Аја Напа, познато туристичко место. Плажите се преубави и целос...
Перо Камиказа откри дека Драган. Б. Костиќ бие животна битка: „Звучи подобро, мислата му е бистра“ „Сполај му на Бога, но и волјата за живот, овие денови се слушаме и сè подобро з...

Најчитани неделава