Нашата инфлуенсерка Ивона Јо ги споделува деталите од операцијата: „Ми скратија 80% од желудникот“

„Ивона разбуди се, почнува твојот нов живот“ – со овие зборови анестезиологот ја разбудил македонската инфлуенсерка Ивона Јо по операцијата на желудникот.

nasha-influenserka-gi-spodeluva-detalite-od-operacijata-mi-skratija-80-od-zheludnikot-01.jpg

Ивона Јо е македонска пејачка и инфлуенсерка со повеќе од 25.000 следбеници која постојано шири позитивност кон сите облици на тела.

Сепак, таа откри дека се одлучила за операција на желудникот и на својот Инстаграм профил ги сподели деталите. Таа денес во живо одговараше на прашања од нејзините следбеници поврзани за нејзината операција и за тоа што се случувало. Како што најави, во идните денови таа ќе споделува видео клипови од целиот процес, но денес отворено проговори за сè низ што поминала.

„Правев операција на желудник при што 70 до 80 отсто од неговиот капацитет беше изваден надвор. Не е прстен, не е балон, не е ништо такво, туку е операција на желудник со намален капацитет преку сечење на самиот желудник“ – појасни таа и објасни што следува по самата хируршка интервенција што била изведена под тотална анестезија.

Како што рече, ова е само почеток на долгиот процес што следи пред неа. Нејзе во операцијата ѝ биле отстранети 80 отсто од желудникот, а како што вели, сега веќе нема проблем со нервоза кога е гладна, нема постојано чувство на глад, а понатаму ќе треба да се држи до строго пропишана диета од нутриционист.

Првите десет дена се течна храна, па кашеста, па мека храна, меко-тврда, а до цврста храна би требало да стигне по 6 месеци.

Целата операција како што вели чини од 3.500 евра до 10.000 евра во зависност на тоа кој лекар ќе го изберете, плус потребни се средства за престој и за пат.

Целото видео со нејзините одговори погледнете го во продолжение:

https://www.instagram.com/tv/CTfN-3-B0Vd/?utm_source=ig_web_copy_link

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Денес почнува божиќниот пост – кои денови се јаде риба, кога се пости на вода и од што да се откажет... Божиќниот пост ќе трае 40 дена, односно од 28 ноември до 6 јануари, во овој пери...
„Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета“ – Тимот на Систина се збогува од Панчо, како и него... „Вие бевте тие кои ми дадовте 7 месеци можност да се гушкам и зборувам сè што не...
Денес се празнува Св. Антониј, светецот кој штити од лудило и ѓаволот Денес, 30 јануари во православието се слави Св. Антониј Велики, светецот за кој ...
Еспадрили од 1.000 евра, шешир од 800 евра – Аделина Тахири на одмор во Бодрум со цела колекција лук... MiuMiu шешир, Hermes чанти, Chanel влечки, Valentino еспадрили - колекцијата чев...
„Детето ангел“ - Емотивни објави на родителите на Фросина Кулакова за нејзиниот роденден, денес ќе н... Трогателни зборови полни болка испратија Камелија и Тодор Кулакови на роденденот...

Најчитани неделава