Намалување на штетата од користење на тутунот може да ги минимизира штетните ефекти

Пред неколку дена, во Македонската академија на науки и уметности се одржа научна дискусија по повод завршувањето на мултидисциплинарниот проект „Социјален пристап и прифаќање на намалување на штети преку наука и истражување“. Овој проект го спроведе Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ, а беше поддржан и од компанијата „Филип Морис Интернешнл“.

namaluvanje-na-shtetata-od-koristenje-na-tutunot-mozhe-da-gi-minimizira-shtetnite-efekti-01.jpg

Заедно со уште неколку научни експерти, во дебатата учествуваше и Д-р Елена Мујоска Трпевска, Научен соработник во Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ. Според неа, имајќи ја предвид штетата предизвикана од пушењето цигари, напорите кои со децении се вложувале за таа да се намали биле во насока на превенција на иницијација и промоција на откажување од пушење.

„Намалувањето на штетата од користење на тутунот (кој во странската литература се среќава под формулација Тobacco Harm Reduction) по дефиниција претставува стратегија која се користи за да се минимизира штетата на поединците и/или поширокото општество од опасни однесувања или практики кои не можат целосно да се избегнат или спречат“, посочи Мујоска Трпевска.

Според неа, неодамнешниот концепт на намалување на штетата од користење на тутунот се појави како трет пристап кој може да помогне во намалувањето на штетните ефекти од тутунот, а е во согласност со активностите за промоција на јавното здравје.

„Концептот тргнува од тоа дека несомнено, најдобриот начин да се избегне штетата од пушењето е никогаш да не се започне. За активни пушачи, целосно откажување од пушењето е најефективниот начин за намалување на ризикот од штетни влијанија и од болести поврзани со пушење. Но за останатите, кои едноставно не можат или не сакаат да се откажат од оваа навика, треба да им укажува на постоење на иновативни производи кои го загреваат, а не го согоруваат тутунот, никотински лепенки, електронски цигари и други“.

namaluvanje-na-shtetata-od-koristenje-na-tutunot-mozhe-da-gi-minimizira-shtetnite-efekti-02.jpg

Д-р Елена Мујоска-Трпевска нагласи дека концептот е резултат на прагматичен и рационален пристап, заснован врз логиката дека ако една појава, како што е зависноста од тутун, не може да се спречи, затоа што поединците не сакаат или не можат да се откажат од нивното користење, тогаш е потребно да се побараат иновативни решенија со кои ќе се намалат нивните негативни ефекти.

„Овој пристап - „откажување, a ако тоа не е можно или изводливо, алтернативни начини или средства кои ја намалуваат штетата по здравјето на корисниците“, е прифатен и поддржан од индустриите во одделни области, кои со поддршка на науката развиваат нови алтернативни технолошки решенија и производи што може да се користат како средства за откажување од зависноста или намалување на нејзините штетни последици. Голем број на високо развиени земји како Велика Британија, Норвешка, Нов Зеланд веќе ја применуваат оваа стратегија во нивните здравствени системи. Истиот е близок до констатацијата дека „луѓето пушат за никотин, но умираат од катран“.

Според Д-р Мујоска-Трпевска, политиките за намалување на штети (општо), се покажаа ефикасни во управувањето со ризикот во повеќе подрачја на животот и се прифаќаат во современите здравствени и легислативни концепти во глобални рамки како легитимни стратегиски инструменти.

namaluvanje-na-shtetata-od-koristenje-na-tutunot-mozhe-da-gi-minimizira-shtetnite-efekti-03.jpg

Традиционално позната како земја на одгледување тутун, Република Северна Македонија треба да ги има предвид добрите глобални пракси во поглед на постоењето на помалку штетни алтернативи, вклучително и на цигарите како би можело да се креираат политики кои би стимулирале диференцијација што пак, би придонело кон подобрување на квалитетот на живот и подобрување на продуктивноста. „Неопходен е поголем ангажман на научната заедница во јавноста со цел зголемување на свеснота кај населението од последиците од користење на штетни производи; тоа пак, би придонело кон зголемување на едукацијата и би го охрабрило преминот кон помалку штетни алтернативи“ потенцираше таа.

Би можело да ве интересира:

Македонки плетат ќебенца за децата без родители – Зошто овој проект ми го стопли срцето? „Секое дете заслужува љубов и топлина!“ Со оваа помисла одлучив да се вклучам во...
Браво! Наставничка од Негорци направи модна ревија со модели што основците сами ги изработија Преслатки девојчиња од основно училиште позираат во моделите што сами ги изработ...
Браво народе! Парите за машина за дишење за малата Искра се собрани за помалку од 24 часа Доказ дека македонскиот народ е хуман и се крева на нозе кога треба да се помогн...
Перо Антиќ се огласи по скандалот за наводната тепачка со бившиот на Катарина Ивановска: „Се пишува ... „За мене е јадно да се пишува за случка која не се случила како опишаното, за ли...
Што облекоа посетителите на третата вечер на Скопски моден фестивал 2024? (фото) Од спортски комбинации, до елегантни тоалети и помалку ексцентрични изданија. По...
Потег за поздрав! Македонска фитнес инструкторка нуди бесплатни тренинзи за заболените од рак „До оваа идеја дојдов откако прочитав една статија поврзана со важноста на вежба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg