Спасени животи, спортски успеси – убави моменти по кои Македонците ќе ја помнат 2021

17. Тројца момци облечени како Спајдермен, Бетмен и Дедо Мраз, како и девојка облечена како Супермен, ги развеселија дечињата во Детската клиника во Скопје и дефинитивно им ја разубавија оваа зима.

ubavi-momenti-2021-17.jpg

18. Александар Илиевски со пливање го заобиколи Охридското Езеро – првиот пливач кој успеал да направи ваков подвиг. Александар исплива дури 71 километар, во период од 15 часа 21 минута и 38 секунди.

ubavi-momenti-2021-18.jpg

19. Во Националниот парк Маврово беше фотографиран балкански рис со фотозамки. Неколку децении, сè до 2020 година, балканскиот рис не беше забележан во Македонија, а сега, во рок од една година, беа забележани две единки!

ubavi-momenti-2021-19.jpg

20. На Козјак, речиси веднаш до локалот „Аурора Козјак“, беше забележано стадо диви коњи. Навистина ретка глетка, особено кога ќе се земе предвид колку многу се доближиле до локалот.

ubavi-momenti-2021-20.jpg

21. Доктор Ненад Лазаров организираше два мобилни тима кои одеа во посета на пациенти заразени со корона вирусот, но и кај пациенти со други медицински проблеми. Тој и неговите тимови им помагаа на пациентите кои од разни причини не можат самите да отидат во болница.

ubavi-momenti-2021-21.jpg

22. Фризерот Адо Мурис Хамзиќ од Скопје го потстрижа неговиот најмлад клиент на паркингот пред неговиот салон, само за да не плаче.

ubavi-momenti-2021-13.jpg

23. Ова беше среќна и успешна година за Скопје ЗОО, каде што се родија неколку животинчиња – алпака, лемур, мајмунче и верверички. Истовремено, во зоолошката беа донесени и шест нови пингвини кои ги крстија по пингвините од анимираниот филм „Madagascar“.

ubavi-momenti-2021-23.jpg

24. Македонија имаше многу добар пласман на овогодишната детска Евровизија, а нашите претставници испратија моќна порака со нивната песна. А, нивниот настап како да нè сплоти бидејќи на социјалните мрежи немаше ништо освен пофалби и комплименти за нив.

ubavi-momenti-2021-26.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...

Најчитани неделава