Најемотивната објава по трагедијата во Бугарија: За сите „те сакам” и некажаното „те сакам и јас тебе”

„Утрото носи тажни вести. За сништа распарани од смрт. За утрешнини кои огнот ги гори. За надежи кои во пепелта останаа да молчат. И најтешка е чашата кога истураш малку „за душа”...“, на Фејсбук кружи една од најемотивните објави по повод трагедијата која утринава ја потресе Македонија.

najemotivnata-objava-za-tragedijata-vo-bugarija-za-site-te-sakam-i-nikogash-povekje-nekazhanoto-te-sakam-i-jas-tebe-01.jpg

Македонија денес (23.11) живее еден од најтажните денови. Изгубивме 46 наши сограѓани во трагична несреќа со патнички автобус во Бугарија, од кои 12 се деца.

Изгубивме многу, нема да преболиме најверојатно никогаш.

Македонија е обвиена во црно.

Една од најемотивните објави на Фејсбук по трагедијата е онаа на Божидар Божиновски:

Утрото носи тажни вести…

Утрото носи тажи вести
Првото сонце огреа солзи и грч
Пискотници и бол
Не ги погали оние кои ноќта ги скри под плаштот на вечноста

Утрото носи тажни вести
За сништа распарани од смрт
За утрешнини кои огнот ги гори
За надежи кои во пепелта останаа да молчат

И далечен крик во тишината кој само Бог го слуша
И молитва која не стигнала до небесата
И страв
И плач кој се гуши додека светот спие
И борба изгубена, платена скапо
И цвет кој радост не носи на гробот на оние кои радост биле

Утрото носи тажни вести
За празнини во душите кои вечно се носат
За погрешно свртен број низ матните очи, кога нема од другата страна кој да се јави
За ноќи поминати во немост гледајќи кон портата, чекајќи чекор преку прагот
За сите каења кои само четири ѕида ќе одзвонуваат
За сите „те сакам” и никогаш повеќе некажаното „те сакам и јас тебе”

Утрото носи тажни вести
Првото кафе, за душа, е горко и нема шеќер што може да го заслади
Погледот талка зад ридиштата и не знае веќе дали бара нешто или сака да побегне

И најтешка е чашата кога истураш малку „за душа”
И дните не врват кога ги чекаш оние што нема да дојдат…

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Ирена, мајка на 3 деца, од кои едно со аутизам: „Син ми ми кажа: ‘Јас не сум аутистичен. Јас сум нор... „Денес Кан ми рече: „Јас не сум аутистичен. Јас сум нормален“. И не го поправив,...
Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Јован Јованов за музичките почетоци: „Со Магија одевме на часови по танцување, Врчак го запознав на ... „Отсекогаш сум сакал да имам група, не да настапувам сам. Сите мои другари праве...
Македонка се пожали дека маж ја нападнал на улица: „Ти не си за мајка, вака ли се шета дете?!“ „Излегува повозрасен човек од обложувалниците што се кај Палма, ме застанува и м...

Најчитани неделава