Згрозувачки коментари на вести за силувања - тажната реалност во Македонија

„Охриѓанка силувана од својот партнер“ - „Како може да е силувана од партнер?“, „Велешанка претепана и силувана“ - „Биди поштена, никој не те тепа“, вака и уште посурово се коментира под објавите за силувања во Македонија. Крајно згрозувачки, за секоја осуда! Како може некој да размислува вака?

zgrozuvachki-komentari-na-vesti-za-siluvanja-tazhnata-realnost-vo-makedonija-01.jpg

Секојдневно во медиумите осамнуваат вести за силувања кои се случиле во светот, но и во Македонија. Морничаво, згрозувачко, мора да се санкционира на најстрог можен начин!

Постои правен систем за тоа и државата ќе се избори за правата на жртвите.

Но, она што дополнително ме згрозува и ме ежи и ме тера да се прашувам какви луѓе постојат, се оние кои во коментари на социјалните мрежи ги поддржуваат насилниците и ги омаловажуваат жртвите.

Оние кои без грам срам пишуваат мизерни работи под вестите за силувања и наместо да бараат правда за жртвите, тие кај нив ја наоѓаат вината.

Во стилот „Сама си го барала“ коментираат без ронка срам. Но, дали ќе имаат ист таков дрзок и бесчувствителен став ако станува збор за нивната мајка, сестра, сопруга? Дали тогаш ќе сметаа дека жртвата е виновникот?

Апсолутно никогаш на ниту еден начин ниту една жена на светот не може да биде виновна за тоа што е силувана.

На овие жени кои собрале храброст да проговорат за тоа што им се случило и да побараат правда, треба да им бидеме комплетна поддршка, да им кажеме дека им се восхитуваме за храброста, за тоа што го обелодениле злосторникот и за тоа што се борат тоа да не ѝ се случи на некоја друга жена.

Медуза е непрофитен онлајн медиум, чии содржини ги создаваат група на ентузијасти и ентузијастки за заштита на правата на разни групи граѓани, и медиум кој отвора болни теми како оваа.

Таму јавно објавија некои од најзгрозувачките коментари под вестите за силувања во Македонија, а објавата вирално се споделува на Фејсбук.

Во описот на скриншотите од вести од разни наши медиуми и од коментари на истите, од Медуза пишуваат:

„Ниедно кривично дело не покренува толкава лавина морализаторски оправдувања за сторителите и морализаторски обвинувања кон оштетените, како случаите на сексуално насилство.

Емотивниот одговор е молк, срам и чувство на вина меѓу жртвите и мотивираност, самодоверба чувство на контрола кај злосторниците.

Вистинската борба против насилството врз жените подразбира темелни и долгорочни промени, не само во законите, туку пред сè во начинот на кој го перципираме, промислуваме и реагираме на насилството.“

CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...
Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...
Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
Ивона Јо на настап ѝ пее на мајка си и се топи од емоција: „Како стареам сѐ повеќе потсетувам на неа... „Горда сум што одгледав толку благородно, чувствително и светло човечко суштеств...
Јелена Спенџарска го посети родното село на баба ѝ: „Куќата кај што се родила уште се ‘држи’ некако“ „Замислете оваа жена до мене тука создавала пријателства, плачела, учела, си игр...
Позитива на денот! Македонка ги наслика Андреј, Тоше и Панчо: „Тие не се дел од минатото - тие се ве... „Оваа слика е мој начин да ви се поклонам. Не со зборови, туку со молитва во бој...

Најчитани неделава