Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ламбе Алабаковски со семејството од САД се врати во Македонија: „Одлучивме да се вратиме дома“

Ламбе, кој со години живееше во САД, минатата година со семејството, односно сопругата Магдалена и двата сина, одлучи да се врати дома во Македонија и повторно да почне да се занимава со музика, 17 години по триумфот на M2 Play Проект потрага по ѕвезда и по 7 години пауза од музика. За својата одлука, тој говори за CRNOBELO.com…

lambe-alabakovski-so-semejstvoto-od-sad-se-vrati-vo-makedonija-odluchivme-da-se-vratime-doma-01.jpg

Ламбе Алабаковски (34) деновиве сподели една стара фотографија, која многумина од вас нема да ги остави рамнодушни. Станува збор за миг од победата на Ламбе на големиот M2 Play Проект потрага по ѕвезда во 2004 година.

lambe-alabakovski-so-semejstvoto-od-sad-se-vrati-vo-makedonija-odluchivme-da-se-vratime-doma-03.jpgфото: Фејсбук Ламбе Алабаковски

Деновиве го видовме и на концертот во чест на Тоше Проески и Аки Рахимовски кој се одржа во Битола.

Ламбе, кој со години живееше во САД, минатата година со семејството, односно сопругата Магдалена и синовите Михаил и Димитриј, одлучи да се врати дома во Македонија и повторно да почне да се занимава со музика.

lambe-alabakovski-so-semejstvoto-od-sad-se-vrati-vo-makedonija-odluchivme-da-se-vratime-doma-04.jpgфото: Инстаграм Ламбе Алабаковски

За својата одлука и актуелните случувања во неговиот живот, тој открива за CRNOBELO.com:

„Во Македонија сум од лани летото. Одлучивме да се вратиме повторно дома, заедно со целото семејство.

По 7 години пауза и еден убав ресет, би сакал да продолжам со музиката бидејќи тоа ми е талентот од Бога. Во план се некои песни и видеа кои се надевам дека ќе се остварат до крајот на оваа година.

М2 беше едно фасцинантно шоу кое извади многу таленти. Денес има 17 години од тогаш, но сè уште се зборува. Ви благодарам на поддршката.

Концертот посветен за Тоше и Аки беше едно големо емотивно соочување со нивната енергија преку музиката што ќе остане да се слуша. Навистина ми беше мило што се погодив тука да учествувам. Едно големо благодарам на Камерниот оркестар на Битола и на Центарот за Култура.“

Семејството на Ламбе:

lambe-alabakovski-so-semejstvoto-od-sad-se-vrati-vo-makedonija-odluchivme-da-se-vratime-doma-12.jpgфото: Инстаграм Ламбе Алабаковски

lambe-alabakovski-so-semejstvoto-od-sad-se-vrati-vo-makedonija-odluchivme-da-se-vratime-doma-11.jpgфото: Инстаграм Ламбе Алабаковски

lambe-alabakovski-so-semejstvoto-od-sad-se-vrati-vo-makedonija-odluchivme-da-se-vratime-doma-10.jpgфото: Инстаграм Ламбе Алабаковски

lambe-alabakovski-so-semejstvoto-od-sad-se-vrati-vo-makedonija-odluchivme-da-se-vratime-doma-09.jpgфото: Инстаграм Ламбе Алабаковски

lambe-alabakovski-so-semejstvoto-od-sad-se-vrati-vo-makedonija-odluchivme-da-se-vratime-doma-08.jpgфото: Инстаграм Ламбе Алабаковски

lambe-alabakovski-so-semejstvoto-od-sad-se-vrati-vo-makedonija-odluchivme-da-se-vratime-doma-07.jpgфото: Инстаграм Ламбе Алабаковски

lambe-alabakovski-so-semejstvoto-od-sad-se-vrati-vo-makedonija-odluchivme-da-se-vratime-doma-06.jpgфото: Инстаграм Ламбе Алабаковски

lambe-alabakovski-so-semejstvoto-od-sad-se-vrati-vo-makedonija-odluchivme-da-se-vratime-doma-05.jpgфото: Инстаграм Ламбе Алабаковски

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонија е во топ 10 земји со најголема планинска површина – се гордееме што сме меѓу првите во не... По листите на кои се најдовме на првите места по загаденост на воздухот, конечно...
Искрена исповед на Марија од Скопје: „Зошто се вративме од Нов Зеланд во Македонија?“ „Страшно високи трошоци посебно кирија/хипотека, а ниски плати (не во тој размер...
Дечко, што посетил 32 земји, остана да живее во Македонија извесен период - како ја доживува? (фото) „Уште не ми се верува дека одлучив да живеам во Скопје во наредните 3 месеци. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg