Кике Цветче, Македонка искрено пред светот: „Имав 121kg - го променив начинот на живот и ослабев 38kg“

„Таа е вистинска инспирација“ е описот за 27-годишната Македонка, која успеа да го промени својот начин на живот и драстично да ослабе, а приказната ја пренесе за Инстаграм профилот „Power of Positivity“, кој има повеќе од 7 милиони следбеници од целиот свет. „Не бев опседната со тежината, туку одлучна бев да водам поквалитетен начин на живот...“, вели Кике.

kike-cvetche-makedonka-iskreno-pred-svetot-imav-121kg-go-promeniv-nachinot-na-zhivot-i-oslabev-38kg-01.jpg

Кике Цветче (27) е Македонка која направи драстична трансформација на животот и изгледот и за која слушна и светот преку Инстаграм профилот „Power of Positivity“, кој има повеќе од 7 милиони следбеници од целиот свет.

За „Power of Positivity“, профил кој го слави животот и позитивниот став кон него, таа ја раскажува својата приказна:

„Здраво, моето име е Кристина и ова е начинот на кој го трансформирав моето тело, но и ум...

Борбата ја започнав во октомври 2020-та година, поради здравјето. До тој миг водев нездрав начин на живот, без вежбање, со лоши навики.

Одлучив и комплетно го променив животот. Од личност која дреме пред компјутер со тон изговори зошто не вежбам и се хранам нездраво, станав личност која готви неколку оброци на ден, вежба 6 пати неделно и пие многу вода.

Почнав со 121 килограми и во текот на процесот изгубив 38 килограми.

На почетокот се запишав на програма за здрава исхрана, каде сфатив дека здравата храна може да биде подеднакво вкусна како брзата храна и тоа беше клучно.

Оттогаш го споделувам целото мое искуство на Инстаграм.

На почетокот исфорсирав, сфатив дека работите не се случуваат преку ноќ и дека треба да го слушам телото и побавно да минувам низ процесот. Телото ми го сигнализираше тоа.

Целта не ми беше да креирам совршено тело, туку да креирам здрави животни навики за цел живот.

Не бев опседната со тежината, туку одлучна бев да водам поквалитетен начин на живот и тоа ми помогна да пронајдам задоволство во целиот процес.

Го третирав моето тело правилно и си бев благодарна на себе што научив да балансирам. Кога ќе научите дека балансот е клучот на сè, нема да имате лош ден во животот.

Ако го направите здравјето свој приоритет, тогаш процесот ќе биде лесен. Само насочете го умот и започнете.“

Видеото во кое Кике ја споделува својата приказна:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска изреволтирана: „Пред камери мед и млеко им тече од уста, тие се најчесни - Луѓе, з... „Сигурно познавате личности што пред вас се „ми-ми-ми“, „хи-хи-хи“, а всушност с...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...
„ЖИВОТ ПОВТОРНО“ - Настан организиран од Димитар Радески со цел подигнување на свеста за малигните з... На 19 Април 2026 во НУЦК „Марко Цепенков" - Прилеп ќе се одржи настанот „Живот п...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...

Најчитани неделава