Миа Костова објави фотки од себе со стегнато vs. опуштено стомаче: „Ве лажат со добро светло и поза – реалноста е поинаква“

„Со сликава можам да ви протнам -7 кила за 5 дена, ама реалноста е поинаква... Да било лесно со чај и со апче, немаше никој да се поти и да јаде леќа во 37 варијанти. Дали некогаш ќе промовирам ‘секси’ со оваа форма? Не! Нема тука ништо секси. Не се помирувај со она што не ти се допаѓа во огледалото и не верувај на она што го гледаш на Инста“ – порача Миа Костова со фотки од нејзиното тело во добра поза и во опуштена. 

mia-kostova-iskrena-za-sopstvenoto-telo-kako-izgledam-koga-poziram-a-koja-e-realnosta-slabeenjeto-po-35-ta-godina-e-pekol-01.jpg

Македонската инфлуенсерка и ТВ водителка Миа Костова е позната по тоа што честопати на Инстаграм говори на некои од најскокотливите теми.

Од теми како ментално здравје и отворање за ансиозноста и паничните напади, до борбата со вишокот килограми и лажната слика што се создава на социјалните мрежи.

Искрена во целост и без предрасуди, Миа овојпат објави четири различни фотографии со коишто покажа во колкава мера зад совршените фотографии на рекламите на социјалните мрежи стојат добрата поза, аголот и светлото, но и за тоа како таквите совршени слики се користат за продажба на производи.

mia-kostova-iskrena-za-sopstvenoto-telo-kako-izgledam-koga-poziram-a-koja-e-realnosta-slabeenjeto-po-35-ta-godina-e-pekol-02.jpg

На Инстаграм стори Миа објави четири различни фотографии од себеси, кои покажуваат сосема различна „реалност“ за тоа како изгледа нејзиното тело.

„Многу сакам да начнам една тема.

Дали сте свесни колку добра поза, светло и да знаете што да покажете може да ја излаже публиката и да се извадите од памет од некого во живо иако на слики ви делува како да е нешто за што би дале живот?

Сликава нема корекции. Сликана е пред 10 минути, можам да ви протнам -7 кила за 5 дена. Само заради сликата... Реалноста е сосема поинаква...“ – пишува на првата фотографија.

mia-kostova-iskrena-za-sopstvenoto-telo-kako-izgledam-koga-poziram-a-koja-e-realnosta-slabeenjeto-po-35-ta-godina-e-pekol-04.jpg

Следува уште една фотографија, на која текстот: „И оваа, слика на г*з, која во суштина нема благе везе со релност“, е стратешки поставен, бидејќи како што појаснува Миа - „текстот се става на сомнително место врз салце (а може да е и врз флека на маица, врз лошо деколте или бубуљица).“

mia-kostova-iskrena-za-sopstvenoto-telo-kako-izgledam-koga-poziram-a-koja-e-realnosta-slabeenjeto-po-35-ta-godina-e-pekol-03.jpg

„Реалноста е дека голем дел од оние кои да речеме навистина не се фитнес тренери ви продаваат сѐ и сешто во овие пози кои, не што не вреди пет пари, туку е и навистина штетно па и по психа. Нема резултат па се фрлаш на гнетење дополнително после чајот и апчињата или диетата 7 кила за 7 дена.

mia-kostova-iskrena-za-sopstvenoto-telo-kako-izgledam-koga-poziram-a-koja-e-realnosta-slabeenjeto-po-35-ta-godina-e-pekol-05.jpg

Четвртата фотографија ја покажува реалноста каква што е. Без добро светло, поза и агол, може да се забележи дека нејзиното тело делува сосема поинаку.

„Дали јадам многу? Не.

Дали вежбам? Не.

Дали ме фрустрира ова и секој муабет ‘баш си слатка’? Да!

Дали ќе ослабам? Секако.

Кога? Ќе ви јавам.

Дали некогаш ќе промовирам ‘секси’ со оваа форма? Нее! Нема тука ништо секси.

Внимавајте и на 3 кила плус, брзо биваат 13, па 30!

Дали е пекол симнување килажа над 35-та година? Опасен пекол.

Да било лесно со чај и со апче, немаше никој да се поти и да јаде леќа во 37 варијанти. Не се помирувај со она што не ти се допаѓа во огледалото и не верувај на она што го гледаш на инста.

Идам да отворам едно просеко, за последнава слика зошто тотално лагодно ја постирам за да ви покажам како не треба“ – порача таа.

mia-kostova-iskrena-za-sopstvenoto-telo-kako-izgledam-koga-poziram-a-koja-e-realnosta-slabeenjeto-po-35-ta-godina-e-pekol-06.jpg

Дополнително Миа уште еднаш им се обрати на своите следбеници во кратко видео, во кое рече:

„Многу ми е мило што имаме изградено таква релација што вие знаете и кога е во прашање реклама на било каков производ и кога сум во прашање самата јас.

Почнувајќи од мојата психичка состојба, преку килажа, преку сѐ она што го живеам, преку тоа дека никогаш не отворам Gucci и Louis Vuitton чанти затоа што сѐ уште немам пари за истите, некако имаме изградено искрен однос. Се надевам дека така и ќе продолжиме.“

Прочитајте и Mиа Костова: „Со години се справувам со анксиозноста и паничните напади, но депресијата ме погоди најсилно“

Погледнете неколку нејзини фотографии во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Миа Костова со синот: „Пред 10 години во Охрид со старките за кои собирав пари и ги носев само ако з... Миа Костова за тоа како се справувала како самохрана мајка и го растела Андрија ...
Миа Костова објави стара фотка со синот: „На 41 година изгледам подобро отколку на 30“ „Еднаш имав бебе и еднаш имав 30... Денес имам дечко голем и изгледам подобро од...
Миа Костова за изгледот: „Првпат ставив ботокс на 30 години, се каам за некои импулсивно ставени тет... „Користев филери во уста и само еднаш во јаболчници пред 3 години последен пат. ...
Миа Костова: „Како ѝ помогнав на жена среде паничен напад, додека одеше на море со мажот и децата?“ „Тргната сум со сопругот и со двете деца со кола на море. Ќе умрам Миа, ми ...
Миа Костова се потсети на хаосот во домот каде го растела Андрија: „Сакам да се вратам во таа дневна... „Давам сè на светот да се вратам во оваа дневна, да ги соберам играчкиве и кутии...
Миа Костова и Тијана Скулиќ си купија плацеви во Соње една до друга: „На здравје со сосетката“ Миа Костова си купи плац во Соње, а веднаш до неа и Тијана Скулиќ која вели: „На...

Најчитани неделава