Спасени животни, бројни хумани гестови: Убави и забавни моменти во Македонија по кои ќе ја помниме 2022 година
Јове од Битола спаси куна која била речиси мртва кога ја пронашол негов пријател. Јове решил да не дозволи да умре – ја однел на ветеринар ја хранел со цуцла и ѝ давал витамини – па сега таа е негово милениче.

Ова не е единствената топла приказна за повредено животно кое било спасено од хумани луѓе. Кучето Локумче било најдено во скопско село со многу лоша состојба на очите, а на крај и ги изгуби. Но, сега Локумче има ново семејство и топол дом во Германија.

Од инспиративните приказни што ги слушнавме годинава, дефинитивно се истакнува Србинот Алекса Петровиќ кој со инвалидска количка беше дел од овогодишниот охридски маратон „Охрид трчат“.

Исто така, мора да ја спомнеме и 79-годишната баба Милка која се качи на Бислимската Клисура, и тоа со вештачки колк.

Детскиот цртеж за изгубеното маче Маза Попова ни ги стопли срцата и ја покажа искрената детска љубов кон милениците. Не е познато дали Маза е најдена и искрено се надеваме дека детенцето повторно е со својот миленик.

Во Македонија беше изведена првата трансплантација на црн дроб од починат дарител - 60-годишен пациент со хронична болест на црниот дроб доби здрав орган.

Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Стефан Лазаров и сопругата направија откривање на полот на детето - со торта на плажа (видео)
Се прегнуваат и бакнуваат на плажа, откако открија кој пол е нивното бебенце. Ст...
Стефан Лазаров: „Сакам да ме гледаат како лик кој немал ништо во животот и создал сè сам во својата ...
„Некој ќе каже во Македонија сме такви (критикуваме). Не, не, секаде е така. Дур...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео)
И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Стефан oд Прилеп ја запроси саканата Милена во Холандија - по ноќна смена, без ниту час сон (фото)
Стефан oд Прилеп, живее со Милена во Германија, а ја запроси на патување во Хола...
Стефан Лазаров ќе стане татко, за CRNOBELO открива: „Дознавме во 7-ма недела“
„Со Марта заедно се јавивме на нашите - требаше да ви ги снимиме реакциите за да...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол...
Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...