Спасени животни, бројни хумани гестови: Убави и забавни моменти во Македонија по кои ќе ја помниме 2022 година
Јове од Битола спаси куна која била речиси мртва кога ја пронашол негов пријател. Јове решил да не дозволи да умре – ја однел на ветеринар ја хранел со цуцла и ѝ давал витамини – па сега таа е негово милениче.
Ова не е единствената топла приказна за повредено животно кое било спасено од хумани луѓе. Кучето Локумче било најдено во скопско село со многу лоша состојба на очите, а на крај и ги изгуби. Но, сега Локумче има ново семејство и топол дом во Германија.
Од инспиративните приказни што ги слушнавме годинава, дефинитивно се истакнува Србинот Алекса Петровиќ кој со инвалидска количка беше дел од овогодишниот охридски маратон „Охрид трчат“.
Исто така, мора да ја спомнеме и 79-годишната баба Милка која се качи на Бислимската Клисура, и тоа со вештачки колк.
Детскиот цртеж за изгубеното маче Маза Попова ни ги стопли срцата и ја покажа искрената детска љубов кон милениците. Не е познато дали Маза е најдена и искрено се надеваме дека детенцето повторно е со својот миленик.
Во Македонија беше изведена првата трансплантација на црн дроб од починат дарител - 60-годишен пациент со хронична болест на црниот дроб доби здрав орган.
Спирова С. | Црнобело
-->
-->
-->
Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“
„Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...

Зои Блаж за бременоста во Германија: „Срцева реакција слушате дури во 20-тата недела - што е поинаку...
„Прва контрола направивме во 7-та недела од бременоста, а доста е чудно е што им...

Сара Мејс и Димитар на летување во Египет со Лазаров и Марта - мажите го учат Кирил да пие пиво (фот...
„Кога ќе го оставиш детето на мажите“, напиша Лазаров и покажа како му дава на с...

Македонија е на 47-то место на листата за најдобра национална кујна во светот - Кои се нашите топ 10...
Кои се задолжителните работи кои мора да ги пробате од македонската кујна? Како ...

Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск...
Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...

Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин...
„Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...
-->