„После трката ми пристапија жени, девојки кои ми кажаа дека сум трчала и за нивните татковци. Ќале, ова е за тебе. Те сакам!“, напиша Ивона, која трчаше на Prespa Run за својот починат татко.
Животот некогаш не ни го дава тоа што сакаме, туку тоа што ни е потребно, па таква е и љубовната приказна на Гордана Крстаноска од Скопје, жена која во 50-тите години од својот живот живее со полн здив и граби повеќе од кога било.
„Со сопругот сакавме трудничка фотосесија во полиња со лаванда, но се породив еден ден порано, па реков дека првиот роденден ќе биде во тој стил. За декорацијата се погриживме лично ние – јас, сопругот, мајка ми и сите останати дома. Сами купувавме, дувавме балони, спремавме и уредувавме со денови“ - вели Марија од Кичево за првиот роденден на ќеркичката во Истра, Хрватска.
„Со момиче се среќаваш првпат, не можеш да збориш, не знам како да ти го опишам. Сакаш да кажеш нешто, а зборот не излегува од тебе, како да те држи тука нешто“, вели Христијан Настески - Пајак за пелтечењето со кое се соочува од својата четврта година.
„Уште малку, и ова ќе ми биде секојдневие. Погледот од дневната е величествен. Целото езеро на дланка... Таман за пензионерските денови кои доаѓаат“, сподели Игор Џамбазов пресреќен за новиот дом во Дојран.
„Во 1993 година бев мало девојче кое со насмевка си играше на истото вовче во градинката „Мајски цвет“. Денес, во 2026 година, на истото место стои моето синче Петар, со истата детска безгрижност и за мене ова е магично“, вели Мартина Дабевска Здравеска (37) од Скопје. Прекрасно, зарем не?
Лила и Анабела се прегрнуваат, играат заедно и уживаат додека музиката им свири на уво. Со нив е и бившиот сопруг на Анабела, со кој се разведе во 2019-та поради алкохолизам, а сега се повторно во добри односи.
„Една е сестра! Ама ти си ми и брат, и другарка, и психолог, и критичар, и поддржувач… сѐ во едно“, напиша емотивно Елена за сестра ѝ, уметницата Драгица.
На прашањето дали има нешто што не успеал да го каже на покојниот татко, одговори ДА, а потоа со солзи во очи откри дека не сака да зборува повеќе на темата. Потоа не сакаше да открие и што не сака син му Моша да наследи од него, а потоа бришејќи солзи од очи рече: „Не сакам да пелтечи“ – Слаткар одговара искрено додека е поврзан на полиграф.
„Низ годините, животот нè стави пред искушенија што би скршиле многумина. Соочувањето со дијагнозата на нашиот Леон и неговиот свет на аутизмот, тешката борба за чекорите на нашата Андреа, неизвесноста во моментите кога ја допревме најтемната точка... Сè што поминавме беше лекција по психологија на животот, која не се учи во ниедна книга“, вели Амела од Скопје со емотивна објава за 23-тата годишнина од брак.
Миа Костова му посвети емотивна објава на синот Андрија (14) кој ја држи во раце за време на одморот во Грција: „Дали овој дечко што ме држи во раце е мојата најдобра животна одлука? ДА!“ Бојана Скендеровски со сопругот на Тенерифе, Тијана Дапчевиќ на одмор во Црна Гора, a нашиот светски познат танчар Мајкл Дамески покажа како изгледал како дете.
„Чекав 4 часа, чекав 5 часа, имав среќа чекав 2 часа“, дали и вие слушавте вакви информации од пријатели кои викендов „собраа храброст“ да заминат на море во Грција? Но, хаосот не е само на Евзони, туку и на преминот кај Дојран, а Ина МногуФина живописно сподели каква ситуација доживеала.
Чадори со логото на Мини Маус поставени во базенот, кристални канделабри, панорамско тркало и богата сценографија која изгледа како да е донесена директно од некој Дизни филм. Гостите имаа можност да прошетаат покрај билетара, сувенирница и омилените Дизни ликови.
Македонија повторно покажа дека има неверојатни таленти за музика. Бојан Илиевски блесна и триумфираше во „Ѕвездите на Гранд“ за сезоната 2025/2026. Кандидатот од тимот на Ѓорѓе Давид победи со огромен број гласови од публиката.
„Порано му го проверував секојдневно телефонот на сопругот, сега веќе не, затоа што има повеќе доверба сега отколку на почетокот“ – вели Антониа и додека е поврзана на полиграф открива дали простила неверство, открива дека има дует со Врчак, но и дека смета дека таа треба да оди на Евровизија пред кој било друг.
Илариа Кирилов е бикини кралица во модел со синџирче под градите, Ана Стојанова во храбро издание се сончаше во Бразил, а Марис ја покажа витката фигура. Кои атрактивни Македонки ја започнаа сезоната на одмори?
Во црно монокини Стојна покажува зошто можеме слободно да ѝ го дадеме прекарот „македонската Вера Ванг“, жената која е симбол за неверојатно младешки изглед во 70-тите години од животот.
И третиот ден од свадбата на Марија и ракометарот Дисингер е како сцена од романтичен италијански филм. Среде Тоскана со саканите, тие имаа свечен ручек, а Марија за оваа пригода облече елегантен бел костим со долго здолниште.