„Со мојата сестра за првиот роденден на ќерка ми Лили направиме вистинска бајка од рачно изработени декорации од хамер во боја, картон, украсни хартии и материјали за шиење. Цртавме, сечевме и уживавме во процесот и насмевките на Лили. Роденденската тема е ‘Пепелашка’ затоа што ќерка ми каде и да ја носев си ја губeше едната чевличка“, вели Наталија Павлова (28) од Пирава за CRNOBELO.com.
Девојки и момци од цела Македонија танцуваат како Антониа Гиговска и Пајак во нивниот нов дует „Хабиби“. ТикТок предизвикот се шири вирално со голема брзина, погледнете дел од видеата...
На Попова Шапка веќе започна скијачката сезона, а Маврово и Пониква се сцена од зимска бајка... Јануари ги израдува вљубениците во снегот, каква е атмосферата низ нашата држава?
Даниел уште не го открива името на својата избраничка, но откри дека црнокосата убавица со прекрасна насмевка ја вади најдобрата верзија од него. Со фотографиите од регистрацијата во матично тој сподели емотивна посвета за неа.
„Плус една година, плус еден во мојот стомак, плус 10 килограми, плус нови емоции. Добредојдовте 28“, сподели нашата модна инфлуенсерка Даниела Ѓуровска.
По низата измешани коментари на социјалните мрежи по веста за бременоста и свршувачката на Антониа Гиговска, таа сподели објава за поддршка која за неа ја напиша Миа Костова. Водителката за хејтерите вели „Гнасни сте и не се трпите“. На ова Антониа кратко прокоментира: „Мајка ми постојано ми вели дека мајка издржува сè“ и го објави спотот за новата песна „Хабиби“, дует со младиот музичар Пајак.
Со слатко и забавно видео, младиот пејач Виктор Апостоловски најпознат по песната „Супермен“, сподели дека ја запросил саканата за време на нивното патување во Истанбул.
Даниел Кајмакоски откри дека се венча со неговата сакана, а засега не е познато дали парот направил свадба.
„Долго време чекавме, а сега дојде време да ја споделиме најголемата среќа со вас. Умирам од среќа… си славам. Роденден, бепче, прстен сè“ – Антониа Гиговска...
„Боже, господе, на моите денови во Македонија им доаѓа крај и тоа е многу, многу тажно“, вели Мустафа Ахмед од Сомалија на кој Македонија му е дом веќе извесен период и сега бара помош да остане во убавата Македонија, како што ја нарекува тој нашата земја.
Снежна идила со спектакуларен поглед кон Мавровското Езеро како утринава или зелено пространство во пролет и лето, што ви се допаѓа повеќе? Локал со урбана нота во Маврово, каде со задоволство ќе правите фотки за на Инстаграм...
„И јас имам слушнато дека кога мажот и жената се физички доста компатибилни, се родени еден за друг. Нема да ви се верува колку вакви пораки добивам и мнооогу сум среќна“, вели Јелена Спенџарска на коментарите дека многу си личат со...
Шармантната водителка од Утринската програма на Телма ужива со сопругот и синот Бодан во снегот на Пониква. Тие се вљубеници во природа и секогаш се подготвени за прошетки.
„Посериозно започнав со вежбање уште во средно училиште. Секој период од животот си носи свои проблеми кои во тој период ти се чинат како најголеми, за тоа време кај мене преовладуваа љубовните. Можеби не беше скршено срце ама сигурно беше љубовен проблем...“, споделува онлајн фитнес тренерот Ана Стојанова.
Елена Марковска Цветановска е уредник-водител на вестите на телевизија Алфа и едно од нашите најубави ТВ лица. Со очи на срна и прекрасна насмевка, таа секојдневно е мевлем за очи на нашите ТВ екрани. На прашањето „Зошто токму новинарство?“, вели „Oдговорот е многу едноставен – љубов!“
Скијачите и вљубениците во зима копнеат по снег годинава, но ски центрите како мака да мачат со снежните наноси. Но, Попова Шапка утринава дефинитивно има со што да се пофали...
Илина Арсова ја посети атракцијата Големиот Кањон или Гранд Кањон. Станува збор за живописен стрмен кањон издлабен од реката Колорадо во САД во државата Аризона. Kaролина објави спонтани фотографии од зад сцената од нејзините концерти, а Александар Белов ужива со семејството.
„Сите ѝ зборевме дека треба да престане да сонува за актерска кариера, но сепак таа и после 10 години од уништувањето на својот сон, проба пак. И што се случи? Се случи многу повеќе од тоа што очекуваше. Доби улога како гостин актер во турската серија Balkan Ninisi…“, споделува јутјуберот Стефан Лазаров за својата сестра Марија.