Новинарката и презентерка, која веќе 5 години е дел од тимот на ТВ21, за CRNOBELO.com oткрива дека во новинарството се нашла случајно, но инстантно се вљубила. Таа е едно од најубавите лица на нашите ТВ екрани...
Од совршените инстаграмџиски катчиња на бич барот Фук-Так до природната сенка на дел од лежалките од бич барот Re-Form, ајде за миг да отпатуваме во Дојран... Кафе или коктел покрај Дојранското Езеро секогаш е добра идеја, нели?
Со кусо светкаво фустанче и балетанки, Марија Грубовиќ му кажа „да“ на својот избраник Бојан. Веселата невеста дури и запеа на својата свадба, со сестрите Натали и Радица до себе.
Во септември 2021 година Ивона Јо направи операција за кратење на желудникот, сега драстично ослабена ужива на одмор во Грција, самоуверено без да ги крие лузните.
Седумгодишниот генијалец од Тетово кој годинава победи на натпревар по математика во кој учествуваа 4.000 учесници во 22 земји, а конечно ги доби и златните медали од натпреварот.
„Дневната соба која до пред 2 години често ја гледавте (во совршено издание) на мојов профил, сега изгледа вака. Не се жалам, сладок хаос е ова...“, споделува Елена Алач од Охрид за домот во кој живее со сопругот и ќеркичката Зарина.
„Јас сум од оние кои и на викенд патување со себе ја носат вагата. Ако некогаш си дозволам да изедам нешто слатко, потоа се ‘казнувам’ и веднаш трчам на лента во теретана или се качувам на Водно“, раскажува Маја Глигоровска (40), одделенски наставник, за CRNOBELO.com.
Младата пејачка се прошета во спортско издание со кружни отпечатоци на грбот... Што е вакуум масажа со чашки?
Со графити на ѕидовите и уникатни детали, ентериерот на овој локал во Неготино е дефинитивно за пофалба. Душата на Мексико во локал во Македонија, совршено, зарем не?
„Тато мој… Моја сила, светлост, сјај…“, ја започнува емотивната објава нашата поп дива по смртта на татко ѝ.
„Има едно детенце. Ми го украде срцето и ме вика тетка“, оваа фраза дефинитивно важи за овие славни дами. На Елена Ристеска слабост ѝ е внуката Делфина, а на Анастасија Ражнатовиќ внукот Жељко...
На 10/20 километри од Скопје има локали кои барем на неколку часа ќе ви дадат чувство дека сте некаде на одмор. Коктел покрај базен на пеколно топол ден, звучи како добра идеја, зарем не?
Актерот Лазар Бараков (68) препознатливиот лик од Македонските народни приказни, кој често глумеше ѓавол, се сонча на море со својот миленик. На патување и во посета на пирамидите во Египет со девојката ужива и нашиот јутјубер Стефан Лазаров, а пак Перо Антиќ објави фотографија од вечера со Катарина Ивановска во Бодрум.
Браво! Јове (31) од Битола е нашата позитива на денот. „Еден другар ми се јави дека нашол некое животинче паднато во дворот на некоја фабрика и ми рече дека едвај дише и беше испаничен што да прави. Кога ми го донесе сфатив дека станува збор за куна, но за жал беше речиси мртва. Почнав да ѝ давам млеко со цуцла, витамини, ја однесов на ветеринар, почнав да ја чувам...“, открива тој за CRNOBELO.com.
Сузана сподели дело од ќерката на водителката Јулија, која за жал ја изгуби борбата со ракот. „Прекрасната Андријана Мациев стана бесмртна и продолжи да живее на овој ѕид, во еден од ходниците во Клиниката за онкологија...“, пишува Сузана и упатува моќна порака до сите.
Атрактивната пејачка Аделина Тахири, која со фризурата малку потсетува на светската ѕвезда Шакира, периодов ужива на одмор во Бодрум со неколку пријателки и колешки.
„Среќен трети роденден Мелоди“, напиша сопругата на Франц во описот на фотографиите од роденденската прослава со тема „Peppa Pig“, каде парот позира со Мелоди, како и со помалата ќеркичка Мона, која во август ќе полни 2 години.