„Со мојата сакана Ирена се запознавме во Кочани и веќе сме заедно една година, а откако кажа „ДА“ ќе бидеме заедно и цел живот. Инаку, таа е родена во Австрија, јас од 2020 година живеам во Швајцарија“, вели Даниел Стоименов, кој со својот брат е дел од музичката група MONSTERS.
Иако во градот под Шара не е блескаво како во другите градови, сепак е празнично, а елката која го краси плоштадот после долги години, измами насмевки кај тетовчани од сите генерации.
Од прилепчанецот кој на почетокот на годината ја запроси саканата на Зимзоленд во Скопје, до прстенот кој стигна со дрон до Канео, романтични и луксузни понуди за брак на јахти во Дубаи и Мајорка и запросување во Бигорски со коњица - кои беа најуникатните, најромантичните и најчитаните запросувања на CRNOBELO.com во 2025?
„Сите сакаме пари... Јас сум хедонист. Сакам убаво да јадам, убаво да шетам... Мислам баш сакам луксуз, сакам скапи чанти, сакам убав автомобил да возам, значи сакам сè“, вели Наташа Петровска и открива за каква љубов сонува.
Тие се во брак 11 години, а за љубовта со него Сузана вели: „Не ме сакај многу, сакај ме малку, но засекогаш“. Сопругот Јасмин и овојпат ѝ беше поддршка, а ја изненади и со роматичен гест. Инаку, круна на љубовта им се ќерките Емили (11) и Селена (10).
„Дедо Мраз, заедно со омилените јунаци од детските филмови, донесе насмевки и новогодишни пакетчиња за децата хоспитализирани на Клиниката за детски болести. За децата - момент на магија. За нас - потсетник зошто постоиме“ - напишаа од Црвениот крст, откако дојдоа да ги израдуваат болните дечиња.
„По 6 месеци во Германија купивме автомобил, по година и пол купивме стан, по 3 години купивме куќа… Но, се разведов и разводот ми донесе астма. Многу научив со разводот. Премногу! Сега, по 6 години во Германија, имам работа што ја обожавам, тон пријатели и дом полн љубов“, вели Снешка Трајковска.
„Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто друго, освен по трагедијата која ни се случи во март. Имаше и убави моменти, но остануваат во сенка на Кочани и луѓето кои засекогаш ги изгубивме“, вели Каролина Гочева за CRNOBELO.com. Таа е една од неколкуте јавни личности кои велат дека страотниот пожар им ја одбележа годината.
„Мајка ми и татко ми се разведени. Сето тоа беше многу тешко. Мајка ми не можела да спие и сум ја гледала како плаче итн. А татко ми на пример си живеел свој живот. Имам некоја лутина“, искрено вели Стефанија Гаштарска, нашата балетска гордост.
„Тука, во Скопје, децата не растат со румени образи, туку со инхалации, сирупи и антибиотици. Со бронхити што се повторуваат, со кашлици што стануваат нормала и со прозорци што не се отвораат.. дури ни преку ден“, вели Ина Михајлова, уметница и мајка, од Скопје.
Иако во изминатиот период споделуваа многу фотографии и видеа од патувањето во Азија, овој пат Евче и Александар објавија фотки со кои ја слават својата љубов.
„Како си ти, се среди ли?“ - Ова беше прашањето што го добив завчера од еден човек на улица, пензионер, подалечен роднина ми го постави. „Се среди ли?“ значеше дали сум се оженил и дали имам деца. Во ликот му се виде благо разочарување кога му одговорив негативно...“, ја започнува својата приказна Мартин Јовановски од Скопје.
Се сеќавате ли на Маргарита Христова, која ги отпеа „Љуби ме“ и „Долга ноќ“? И денес блеска и уживаше на патување во Виена. Лазар Бараков со внучето на прошетка во Доха, а Павле и Ирина Камилоски вљубени на настан.
„Со длабоко жалење ве известуваме дека нашиот актер и долгогодишен колега Лазе Манасков почина денеска. Вечерашната изведба на претставата „Куршуми над Бродвеј” ќе биде изведена во негова чест“, напишаа на Фејсбук од неговиот Драмски театар.
Откако неодамна Перо Камиказа откри дека тој ја бие животната битка, сега, неговиот син Бане Костиќ, откри дека познатиот новинар и радио-водител, не успеал да се избори со болеста.
„Запросувањето се случи во Дубаи, а прославата продолжи на Малдиви. Бевме во врска година и 4 месеци и иако не можев да предвидам кога точно ќе се случи моментот, уште од самиот почеток беше јасно дека заедно градиме иднина“, вели Верица Китанова од Струмица за CRNOBELO.com.
„Александра го сака само најдоброто за своите деца. Не ја интересира што мислат другите. Станува збор за ултрамодерна градинка со програма на повеќе јазици“ – вели извор близок до Пријовиќ, која издвојува 2.500 евра месечно за членарина, а детето го зема и враќа приватен возач со луксузно комбе.
„Трпезата може да биде богата и скромна, може да имаме гости, но може и самото семејство да си слави, најважно е да го дочекаме празникот со чисто срце, добра мисла и да се помолиме за здравје на сите, па и на нас“, вели Анета Апостолоска од Скопје.