Антониа Гиговска е секси во бела долна облека од тантела на новите фотки што ги објави на социјалните мрежи.
„Сакам кога се смееме заедно и кога ми пееш раштимани тонови, ама чисти од душа. Кога и двајцата пуштаме солза на тажни филмски сцени, а ти ја криеш низ насмевка, плачко мој најсакан. Кога сакам да сум ти лута, ама не можам и не знам како повеќе од 5 минути“, напиша пејачката на Инстаграм.
„Мина имаше 9 месеци и едвај 3,5 килограми кога се сретнавме првпат еден сончев ден во Битола. Беше лесна, насмеана само ако ја погалиш, ако престанеш ќе почнеше да плаче. Знаев дека сме си една на друга судбина“, напиша Весна Петрушевска на 19-тиот роденден на ќерката.
Градскиот парк во Скопје овој ноември е вистинска есенска бајка. Со огледалните езерца и најубавите златно-жолти тонови на дрвјата, кафето испиено таму има посебен вкус.
„По 48 дена поминати на одделението за интензивна нега и терапија (ОИНТ), нашата Мила Атанасова, која заедно со докторите и со сестрите ги надмина сите препреки, како здраво бебе, ја испративме од Клиниката за гинекологија...“, гласи објавата за малото бебе херој.
„Навистина немаме зборови за твоите заложби Александар. Пример кој ретко се среќава. Во животот на Маркијан малкумина, всушност беа само 3, 4 луѓе (едукатори) кои можам да ги одвојам како човечки суштества кои сакаа да внесат сонце...“, гласи дел од емотивната објава на Ребека по роденденот на Маркијан.
„Минатава недела добивам апел за лекување на еден наш сограѓанин. Господ ме поттикнува во срцето да му верувам и да ја испразнам касата, да ги дадам сите пари за лекувањето на еден човек. Го правам тоа и тој ден ми се јавува еден брат да се видиме на кафе...“, ја започнува емотивната приказна Филип Иванов, пастор од Велес.
„Помина точно една година од сообраќајната несреќа која ми се случи и, за среќа, помина со минимални последици... Господ или Св. Димитрија ме чувале. Овој ден досега беше наша слава, а од оваа година ќе биде и мој втор роденден“, напиша моделот Стефан Спирковски, кој минатата година со АТВ падна во провалија на Караџица.
Ракометарот Филип Талески и неговата сопруга Ена, направија голема роденденска забава на која одеднаш ги прославија родендените на двете ќерки, Софиа и Марија.
Ако на Митровден падне снег, тој ќе се задржи сѐ до април. Кои народни верувања се врзуваат за празникот Митровден и кој бил светецот што многу се слави и се почитува и кај нас?
„Наташа имаше спонтан абортус во моментот кога со пријателите славевме дека ќе станеме родители. На пат накај болница почна пообилно да крвари. Таму лекарот, ѝ направи ехо и гледа - нема срцева реакција. Ни рече да не се грижиме, да провериме на друг апарат. Пак ни дава лекарот некаква утеха. Но, пак немаше срцева реакција. Ми се пресекоа нозете. Целиот тој момент на ‘ќе станам татко, ќе станам мајка’ одеднаш исчезна“, вели Таско во својата искрена исповед.
Родителите на Едон пресреќни го носат малиот борец дома. Тој се роди предвреме во 27-тата гестациска недела, а сега тежи 2.110g.
Тијана Дапчевиќ повторно го привлече вниманието со својот специфичен моден стил, па додека чекаше во студио за тетовирање во Скопје, по забавата со колегите од „Преспав“, објави фотки на Инстаграм на кои доминираа кул чорапите со ликот на Супермен.
„Е, ова е пример како треба да изгледа и звучи пејачка. Значи можело да изгледа светски, а да е наше. Продолжи да газиш“, велат фановите на Барбара Поповиќ по нејзиниот одличен настап во шоуто IDJ Show, каде што пееше песна од Роберт Билбилов.
„Многу е битно да знаете дека предвремено родените деца заостануваат во растот и развојот за онолку недели колку што се родиле порано“, напиша Маја Кикириткова, и се сети на голготата низ којашто поминала...
„Ова е мало парче рај, скриениот бисер на Европа“ – млад американски пар е воодушевен од посетата на Охрид и Скопје, а своите впечатоци ги споделува на својот Инстаграм профил. Тие не ги кријат пофалните зборови за нашата земја.
Драган Спасов Дац со сопругата Весна и внуката Гаиа шета во зоолошка градина и покажува дека улогата „дедо“ му е омилена во животот, Миа Костова го посети Истанбул, а Врчак постојано се дружи со момците од ДНК, но и со Ламбе Алабаковски.
„Неизмерно благодарам до сите драги пријатели што ни помогнаа и се приклучија во потрагата“ – напишаа Сара Мејс и Димитар Атанасовски во својата објава по повод враќањето на нивното милениче, лабрадорот Атос во нивниот дом.