Панчо од ДНК во хороскоп е Лав, Јелена Јованова е Вага, Борко Ристовски е Скорпија, а Сашко Коцев е Стрелец. Без оглед во кој хороскопски знак сте родени, прочитајте со кои познати личности од Македонија имате слични особини и навики.
Цели генерации пораснаа со „Македонски народни приказни“, „Во светот на бајките“, „Големи и мали“, „Туфи и двојче“, „Умни глави“, „Бушава азбука“, „Дајте музика“, „Чук, чук Стојанче“, и токму актерите од овие серии и емисии беа херои во нашето детство.
Ирина Камилоска, која се породи пред два месеца (18 јуни) се качи на водно со синот Јосиф и нејзиниот сопруг, музичарот Павле Камилоски.
Пере од „Нокаут“ уште еднаш докажа дека е татко за медал! Со сите 4 ќерки на одмор, тој зрачи со љубов и исполнетост. Најмалата ќерка Ирис има само неколку месеци.
„Во Дубаи само небото е граница“, вели водителката и пејачка Биг Мама, која заедно со Лила Филиповска се забавува во еден од најпопуларните светски градови.
„Браво мои Македонци, горда сум, иако живеам надвор сепак сум дел од вас убави луѓе!“, вели Весна Апостолова, која од Нов Зеланд дошла во Македонија и се соочила со немил настан, кој среќно завршил.
„Се потрудив да снимам повеќе од храната што ја пробавме за да можам да ви пуштам едно инфо за тоа како стојат цените сезонава. Охрид за мене е едно од најпрекрасните места во Македонија и многу многу пошироко, а за цените оставам на вас и вашето мислење“, напиша македонска блогерка за храна и објави видео на Инстаграм.
„Се познаваме 12 години, учевме заедно во средното медицинско училиште и студиравме на Стоматолошкиот факултет во Скопје. Во врска сме 4 години, пред тоа бевме добри другари“, открива за CRNOBELO.com Григор Манев (28), стоматолог од Скопје, за запросувањето на својата сакана.
„Не можам да кажам дека ми е сеедно, небото беше многу мрачно. Еве веќе три дена како сме на Тасос, цело време проверувам нови вести во однос на пожарите, каде ги има и каква е состојбата. Вчера имаше и пепел низ воздухот, но мештаните велат дека нема простор за паника“, вели Стефанија Кржеска (24) од Прилеп за CRNOBELO.com.
Некогашниот пејач, а сегашен угостител, не пропушта пригода да истакне колку е близок со најважната жена во неговиот живот. Сега, на нејзината роденденска прослава му се придружи и брат му Дритон Гаџа, познат виолинист. Адријан некогаш во описот на фотките знае да напише: „Мојата супер мајка“.
„Бравоо, среќен роденден мамо! Што сте убави...“, вели Слаткар во роденденското видео за неговата сакана Сања. Малиот Моша и овојпат е главен со дувањето на свеќичките.
„Бидејќи синот Адам (3) беше возбуден за тоа дека ќе биде голем брат, сакав дознавањето на полот да биде нешто на кое тој ќе се радува и ќе го памети долго време. Среќата кога ги виде розовите балони и конфети беше огромна. На сите гордо му раскажуваше за неговата дада која доаѓа наскоро“, раскажува за CRNOBELO.com Ивана (26), која живее во Краун Поинт во Индијана.
Во бел фустан со саканиот на плажа и со нивниот миленик, Никица Ацева откри: „Среќни сме да ви најавиме дека нашето семејство ќе стане поголемо за уште две стапалца“.
„Со Ивана се венчавме во една од најубавите цркви во Скопје, Св. Јован Крстител во Капиштец. Нè венча отец Михаил, кој е мој духовен водич. Беше многу убаво, емотивно“, вели за CRNOBELO.com водителот Миро Кацаров.
И додека Стефан ужива со својата сакана Тинеа во Венеција, неговиот брат близнак Мартин се пожали на повреда: „Толку од тенисот за ова лето, се враќаме за месец дена“.
Актерката Јелена Жугиќ ги повика нејзините Фејсбук пријатели да донираат за Леонид Индов, пријател на син ѝ од градинка, а кој неодамна се повреди додека беше на летување во Калитеа. За неговото лекување во Грција се потребни 200.000 евра.
Во Охрид годинава во еден ресторан мешаната салата чини 340 денари, а шопската 360... Се разбира, не секаде, туку во еден конкретен локал од чие мени фотографијата се споделува вирално. Претерано или соодветно за нашиот најголем бисер?
Тамара Тодевска на една од фотографиите откри и дека на летување со нив е Марко Ковачевиќ, кој често споделува фотографии со Тамара, Тијана и нивните деца на Инстаграм.