„Можеби на Балканот има најубави жени, но најгрдо стареат. Веќе на 45+ сме баби. Слаби, неслаби, тоа се виснато, брчки колку сакаш, заби ич, кожа за никаде, кондиција... Мажите па не се ни за споменување“, гласи виралниот твит за кој Јелена Спенџарска коментира на Инстаграм и ги бара причините за ваквата ситуација.
„Пред точно една година првпат излегов од дома без перика. И повеќе никогаш не ја ставив. Ова е првата година во мојот живот во која сум вистинска. Оригинална. Своја. Најсвоја. Слободна...“, ја почнува својата емотивна исповед Цеце Николова, новинарка од Скопје, која отворено говори за животот со алопеција.
На Виенскиот бал 2023 доминираше црвената боја, па во раскошни црвени фустани дојдоа Марјана Станојковска, Агнеса Органџиева и Дунавка Трифуновска, која беше во друштво на Горан Митров.
Кристина Димитри, во стилот на Јелена Карлеуша, настапи во провокативен аутфит во Гостивар, Аделина Тахири ја покажа својата прекрасна сестрa, а Билјана Дебарлиева уште еднаш докажа дека е безвременска убавица, која гордо си ги носи годините.
Минатата година откри дека со саканата во тајност стапиле во брак, а потоа со видео на Инстаграм открија дека ќе станат родители на момче. Сега македонскиот рапер Таско и неговата сопруга Наташа направија и црковна венчавка. Погледнете ги првите фотки.
Во првата бременост, Тамара Тодевска позираше во топлес издание со сосема поразличен имиџ од втората, Туна позираше како божица, а Миа Костова на шега се нарекувала „топка со точки“ – како изгледаа познатите дами во улога на трудници?
„Ако не сте биле на македонска свадба, пронајдете пријател од Македонија и омажете/оженете се во тоа семејство. Среќен сум за моето ново македонско семејство и сите луди традиции кои допрва ќе ги запознаам и ќе им се радувам“, вели Локи Гилберт од Австралија, кој е оженет за Македонката Ирена.
Даниел Кајмакоски секогаш вели дека децата се најголем благослов, а сега објави фотографија на која ужива во мирисот и допирот на новороденото синче Стефан, кое го доби со втората сопруга.
„Таа не знаеше воопшто ништо, ни малку не помисли на тоа. Момците од ресортот цел ден макотрпно работеа на високите температури и ја блокираа целата плажа за нас. И токму тогаш со солзи радосници во очите го добив најубавото 'да',“ - раскажа Бобан Павлов од Велес за CRNOBELO.com.
„Запросувањето беше за време на нашето крстарење од 8 дена каде ги посетивме Италија, Шпанија и Франција. Крузеров е магичен, воодушевувачки е секој дел во него и искрено пресреќна сум што запросувањето се случи токму тука, на мојот омилен датум 9-ти мај, по 9 години врска“, вели Ивона (25) од Тетово за CRNOBELO.com.
Кога има креативност и желба за експериментирање, тогаш од старите фармерки можете да си направи нов модел, со кој нема да можете да минете незабележано. Чекор по чекор видео упатство од креативната Магдалена...
„Среќна 12-ка тетина прва љубов“, напиша Каролина на Инстаграм во роденденската честитка за нејзината постара внука, Луција.
„Дали знаеш дека за изработка на само ЕДНА перика потребно е 10 до 15 жени да донираат плетенка? Јас, пред неколку години си донесов едно непишано правило: на секои 4 години да ја донирам косата, па и годинава го направив тоа“, вели Сара, млада и инспиративна девојка која открива каде да донирате коса во Македонија и да им помогнете на заболените од рак.
„Идејата беше со винтиџ стајлингот да се вклопиме во целокупниот амбиент на Брауншвајг. Главната општинска зграда во градот, каде што се одвиваат венчавките е прекрасна градба во нео-готски стил од 1864 година“, вели Марија Тодоровска (29) од Скопје за CRNOBELO.com, која беше уникатна невеста на регистрацијата со својот сакан Никола.
„Нашата хероина Дени сними спот за нејзината трета песна ‘Пчела’. Мултиталентираната Дени отпеа фантастично, а Атиџе и јас имавме чест да ѝ пееме придружни вокали. Поголемиот дел од сцените се снимени низ медените и житни пространства на Овчеполијата, на терен на Атиџе“, напиша Сузана Турунџиева.
Пејачката со претходна најава точно во 12 часот го откри полот на бебето, таа и саканиот Роберт очекуваат син. Веста ја открија со совршена фотосесија со бебешка облека.
„Четврти ден е во тек акција за спасување на кученце кое влегло (не знам како) во воздушна инсталација. Јас и уште двајца колеги се обидуваме да го спасиме, но душа ни излезе... Значи утре му е петти ден. Не можам да работам, паметот ми е таму“, пишуваше Михајло Тодоровски од Скопје за време на спасувачката акција, која заврши со спасено и нахрането кученце.
Со фустан со длабоко деколте и отсечоци, кој го открива и долниот дел од градите, Сара Мејс позираше во провокативно издание, пред да се појави на настан во син комбинезон.