Раде Врчаковски Врчак по долго време се враќа на македонската музичка сцена, но оние што очекуваа да слушнат музика во неговиот вообичаен стил како од минатото можеби останаа збунети заради долгиот вовед. Видеото не е само долга лекција, туку песната започнува на 1.55 и е во контекст на сите сериозни теми за кои што што претходно зборува. Ви се допаѓа ли?
„Некогаш ќе прочитам некој лош коментар кој што сте го оставиле за мене на некој интернет портал: грдосијо, провинцијалко, врати се од таму од каде што си дошла, погледни се во огледало, ку*во... Луѓе, вие сте лицемерни, не ми се допаѓате. Толку лицемерие, толку злоба, толку гнев, фрустрации, јас лично немам видено...“, гласи дел од видео обраќањето на Јелена Спенџарска.
„Прстенот сакав да биде со уникатен дизајн и го купив од Капали чаршија кога пристигнавме во Истанбул, каде што бевме и сместени еден ден пред запросувањето. Потоа изнајмив јахта и ја запросив за време на крстарење под Босфорскиот мост“, споделува Александар (31) од Велес за запросувањето на својата сакана Ангела.
„Именден денес - има виски за тој роднината од партија што очекуваш да те вработи, а нема. Масата е како оригами изложба. Печеница виткана како ружи, кашкавал во форма на лотосов цвет, салфети како лебеди, па мислам само куленот остана да личи на кулен...“
Од Марјана Станојковска до Весна Петрушевска и Тамара Тодевска, славните личности одговорија на предизвикот „Сети се“ и објавија фотки од детството на Инстаграм. Дали вие се сеќавате на вашите среќни детски мигови?
„Источна страна на вториот кат искршени две стакла и еден прозорец целосно откорнат“, споделија од планинарскиот клуб „Argentus mount“ од Тетово за кулата на Титов врв, која е вистинско прибежиште за сите наши планинари. Разочарувачки, зарем не?
„Првите два дена вееше снег, но третата вечер само што влеговме во сместувањето се вклучи алармот дека се појавила Поларната светлина и во паника Марина некако излезе прва, па јас во тој миг се снајдов и успеав да го земам прстенот...“, споделува Александар Стојановиќ (30) од Скопје за запросувањето на својата саканата во Лапонија, Финска.
Горан Алачки го прослави 59-иот роденден на неговата сакана Марина, Кристина Димитри повторно се дружеше со својот пријател Саша Ковачевиќ, Бојана Нушкова позираше во провокативно издание со маска на глава, а пак Елена Ристеска со сестра ѝ ги славеше танцувачките успеси на својата внука Делфина.
Од скопскиот ресторан Дрен споделија дека некој им ги украл мечињата кои беа дел од празничната декорација, а едно од нив исекле и му ја оставиле само главата, бидејќи не успеале да го земат.
Скопје, 16 декември 2022 -
„ТАВ Македонија“ ја споделува следнава изјава, како обновена информација во врска со денешните настани...
„Меѓународниот Аеродром Скопје утрово преку електронска пошта прими закана за поставенa експлозивнa направa.“
Локални жени во Занзибар ѝ сплетеа плетенки на косата, позира во секси полутанга бикини и ужива во рајските утра на плажа – онлајн фитнес тренерот Ана Стојанова има меден месец од соништата со сопругот Кирил.
Ова е позитивата на денот, со вакви мали дела Македонија ќе стане подобро место за живот... Браво за овие момци! Работниците на патот кон Систина секој ден се дружат со бездомно куче, кое го облекле во својата опрема за да не му студи.
За неа и нејзиниот моќен вокал годините се само бројка, Виолета Томовска блесна во прекрасно издание на изборот „Жена на годината“ и ги трогна сите присутни со изведбата на нејзината легендарна „Молитва“. Во говорот откри дека на настанот се појавила дури со повредена нога и дека е почестена од наградата...
Во едно од највпечатливите нејзини модни изданија досега Александра Шијакоска ја подигна наградата и порача „Не би ја прифатила наградата без да кажам дека многу ми е жал што на нашиот простор не се цени зборот инфлуенсер...Во мојот Инстаграм свет секогаш се ставало фокус на давање на тие што имаат помалку, почитување на постарите, на корените, на семејството, на пријателите, на тоа дека не мора да имаш сè за да успееш во тоа што си го замислил.“
Малиот Дарин вторпат ја донираше својата коса, во Скопје ЗОО се родија лавчиња по повеќе од 20 години, а јутјуберот Стефан Лазаров му помогна...
„Ви благодарам многу, ви благодарам на сите, навистина се изненадив дека ме номинирале на овој избор и дека сум добила признание. За првпат во Македонија добивам признание за тоа што го работам веќе долги години...“, го започна својот емотивен и моќен говор Ребека, која ја доби наградата „Жена со посебен придонес во општеството“.