(Скопје, 05.07.2018) - Најновата песна на нашата музичка легенда Владо Јаневски, „Главен град на тагата“, доби и видео запис кој претставува уште еден резултат на соработката меѓу Витаминка и Јаневски. Спотот претставува и заеднички настап што ќе помогне за подобра промоција на Владо и Витаминка, како најсилни македонски бренда. Дадената поддршка од Витаминка е во насока на протежирање на македонската авторска музика и поттикнување на поголема креативност во музичката индустрија...
Патиките, хеланките и маиците повеќе не се резервирани само за комбинации во спортски стил, туку станаа моден додаток околу кој се вртат сите тренди стајлинзи...
Викендов, градот Битола и Пелистер беа централното место на кое се собраа повеќе стотици љубители на планинскиот велосипедизам во рамките на иницијативата „Ај да возиме на Пелистер пак“...
Музичарите од „Летечки пекинезери“ беа едни од најзаслужните, посетителите да уживаат во отворањето на новата скопска кафетерија Coffee Factory на улица Македонија. Не помалку херои на денот беа и професионалните баристи, кои им овозможија на посетителите да дегустираат оригинални вкусови кафиња, кои пред нивните очи ги подготвуваа.
Македонската производна компанија за здрава храна „Виталиа" уште еднаш ја потврди својата практика на општествено одговорно однесување, овојпат ставајќи акцент на поддршката и грижата за ранливите заедници, со значајна донација на 4 тони храна на „Црвен Крст Македонија”...
Ексклузивно интервју со регионалниот директор на STUBRAND, д-р Виктор Ѓорѓиески...
Стојна и Блаже Карговски се дел од топ Лидерите во тимот на Орифлеим Македонија, и ја носат титулата Сафирни Директори. Нивната приказна со Орифлеим започнува пред повеќе од 22 години и за нив Орифлеим е повеќе од работа – тоа е семеен бизнис исполнет со многу предизвици и подеми. Разговаравме со нив околу нивните почетоци, искуства и секако за можностите кои ги нуди оваа шведска компанија...
Никола Љушев стапува на позицијата Главен извршен директор на Македонски Телеком од 1 јули 2018 година...
Роџер ДИКИНС е роден на 24 Мај, 1949, во градчето Торквеј, Девон, Англија/Обединето Кралство. Студирал фотографија на Бет Академијата и на НФШ/Националната Филмска Школа во Лондон од 1972-75. Од тој ран период фотографијата останува негова трајна љубов, а потоа му се посветува на филмот, имајки два периода во својата кариера...
Професионални баристи ќе го приготвуваат вашето кафе. Утре, петок на 29 јуни, по 11 часот ќе биде отворена третата по ред скопска кафетерија...
(Скопје, 27.06.2018) - Како лидер во производството на леб, Жито Лукс не само што инвестира во квалитетот и во развојот на нови производи, континуирано работи и на унапредување на изгледот и пакувањето на своите производи...
Идните фудбалери имаат само уште шест дена да се пријават за фудбалските стипендии што Македонски Телеком ги доделува на 50 млади таленти. Рокот за пријавување е до 1 јули. Стипендиите се наменети за дечиња од 7 до 12 години кои ќе добијат можност да тренираат во младинската Фудбалска академија на ФК „Вардар“...
Триглав Осигурување, во партнерство со Еко-свест, како изведувач, и Општина Аеродром, како примател на спонзорство, обезбеди City Tree инсталација за Скопје, која што придонесува кон ублажување на проблемите со загадувањето на воздухот во градот. Инсталацијата, која што се постави во населба Аеродром, претставува биолошки филтер, кој што го прочистува воздухот од штетни материи, како азотни и сулфурни оксиди, јаглерод диоксид и моноксид и ги отстранува тешките метали...
(Скопје, 26.06.2018) – Конкурсот за доделување 20 стипендии „Борис Трајковски“ за МБА студии на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ е отворен и заинтересираните кандидати ќе може да се пријавуваат до 20 јули 2018 година. Со потпишаниот договор меѓу Сити Колеџ, Кабинетот на Претседателот на Република Македонија и Министерството за образование и наука, се овозможува врвно образование за 20 кандидати кое е финансирано од Владата на Република Македонија – Министрество за образование и наука и од Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ...
Скопје, 25 јуни 2018г. – Во пресрет на летните одмори Vip воведува промотивна понуда за пакетите Vip Roam Surf, со која на своите корисници им овозможува уште повеќе интернет во роаминг. Пакетите Vip Roam Surf овозможуваат слободна интернет комуникација за резидентните и бизнис корисниците со целосна контрола на трошоците во странство...
Сирењето е храна за која се верува дека има традиција од околу 8000 години. Денес тоа е една од кулинарските намирници што ни се достапни во текот на целата година, а сите љубители на сирењето уживаат во различен вкус секогаш кога сакаат. Го има во различни форми, бои, текстури, цврстина, со разни мириси и ароми. Сето тоа зависи од многу фактори чие изучување стана вистинска уметност. Типот на млеко, бактериите, киселините во процесот на ферментација, должина на ферментација и ароми - се некои од основните детерминирачки фактори за крајниот производ...
Раскошни костими и згодни девојки се појавија во Скопје Сити Мол, со што накратко наликуваше на некој кров на зграда во Рио де Женеиро.
Скопско, како водечки пивски бренд во Македонија, уште од своите почетоци верува дека она што е најважно во животот е токму времето поминато со луѓето што ни се блиски. Муабетите и приказните што ги споделуваме, насмевките и спомените што заедно ги создаваме, здравиците што не поврзуваат и кога сме највесели и кога ни е најтешко. Тоа е она што го прави животот вреден да се живее...