Според Ангела Мицајкова, инструктор по јога од 108 Yoga House, правилното дишење е едно од најважните витални функции што може да го подобрат физичкиот и менталниот пејзаж на човекот. „Да научиш да дишеш правилно, би рекла, е најголем дар. Добар инструктор по јога, најпрво ќе те научи добро да дишеш, да си го слушаш и следиш дишењето, за да достигнеш состојба на спокој и трпение“, вели таа. Нејзиното долгогодишно навлегување во јогата ја има научено дека начинот на кој дишеме е многу тесно поврзан со нашите емоционални состојби. „Дишеме различно кога сме лути, возбудени, уморни или нервозни. Сепак, со користење на соодветни техники на дишење, можеме да ја смениме нашата физичка или емоционална состојба“, објаснува Мицајкова...
Македонски Телеком отвори инкубатор за дигитални таленти, составен од тим од студенти кои ќе работат на развивање на апликации за дигитална трансформација. Освен за дигитализирање на процесите на Телеком, тимот ќе работи и на други иновативни апликации, кои ќе имаат за крајна цел – дигитализација на општеството...
(Скопје, 04.04.2018) – Запишувањето во новата академската година 2018-2019 на Меѓународниот факултет на Универзитетот во Шефилд, Сити колеџ започна и нуди иновативни програми за додипломски и постдипломски студии. Идни студенти можат да изберат од богато портфолио на атрактивни студиски програми, почнувајќи од клиничка невропсихологија, когнитивна невропсихологија, напреден софтвер за веб и мобилни апликации, менаџмент на хотели и туризам, логистика, човечки ресурси и дигитален маркетинг до повеќе традиционални академски дисциплини...
(Прилеп, 04.04.2018) – Стоби флипс слави 40 години, брендот којшто во 1978 година за првпат беше произведен во прилепската компанија Витаминка. Под мотото „Стоби флипс 40 години насекаде“ со многу активности во текот на целата година, компанијата ќе покаже како се создаваше и растеше најсилниот бренд во Македонија, што претставува за потрошувачите и какво значење има за компанијата и пазарот...
Ни кажуваат вицови дури и на гробишта, признаа Саше Димитровски и Никола Кумба во неделната епизода на „Еден на Еден“. Екипата од „Солза и смеа“ ја насмеа публиката на најгледаното ток-шоу со сите анегдоти од нивните патувања и претстави...
Скопје, 3 април 2018г. - Во присуство на претставници на медиумите, педијатри, фармацевти, технолози, дерматолози и останати блиски соработници, „Алкалоид“ го одбележа почетокот на кампањата планирана по повод 40-годишиот јубилеј на еден од водечките брендови на компанијата – добро познатиот „Бекутан“...
Собранието на здружението за интерактивно огласување, ИАБ Македонија, едногласно го усвои предлогот за усвојување на “Саморегулаторен етички кодекс на добри професионални практики во дигиталното издаваштво на територијата на Р.Македонија“ со кој се пропишуваат правилата за фер, етички и добри професионални практики на медиумските издавачи во врска со креирањето и објавувањето на содржини, производи и услуги кои ги нудат преку своите дигитални медиуми...
(Скопје, 02.04.2018) – Психијатриски преглед, психолошко советување и тестирање, индивидуални и групни сесии, како и партнерска психотерапија се само дел од специјализираните услуги што ги нуди психијатриската ординација, MindLab. Покрај основните психијатриски и психотерапевтски услуги, MindLab се издвојува и по тоа што е лиценцирана и за напредните терапевтски методи како когнитивно бихејвиорална терапија, терапија со виртуелна реалност и транскранијална директна струјна стимулација...
Студенти од Економскиот, Машинскиот, Градежниот и Електротехничкиот факултет и од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот Свети Кирил и Методиј се дел од новата сесија на програмата за практиканти на ОКТА. Тие во наредните три месеци ќе бидат постојано вклучени во работниот процес на компанијата, со полно работно време. Под надзор на искусни ментори, кои се врвни професионалци во својата област, ќе имаат можност да стекнат нови знаења кои ќе им помогнат да станат поконкурентни на пазарот на трудот...
Комуналните претпријатија не смее да станат кочничари на започнатите процеси за примарна селекција на отпадот...
До летото 2019 година ќе се изврши реизбор на членовите на Управниот одбор на Штаермеркише Шпаркасе во Грац, кој вклучува и промени во неговиот состав. Мандатот на извршните членови на Управниот одбор на Steiermärkische Bank and Sparkassen AG Graz истекува до крајот на мај 2019 година, додека м-р Франц Кербер ќе ја достигне законската старосна граница во мај 2019 година, откога и ќе замине во пензија.
На 03 април во Мултимедијалниот Центар при Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип, со почеток од 15 часот, ќе се одржи третиот настан од акцијата Feed Your Brain или “Нахрани го својот ум”, на кој како говорници кои ќе ги мотивираат и инспирираат младите...
Битолска инвазија неделава во Еден на Еден. Покрај комичарот Марјан Ѓорѓиевски, кој му прави друштво на Жаре во текот на цела 9 сезона, во недела ќе гледаме уште неколку одлични битолски ликови.
Скопје, 29.3.2018 г. Шпаркасе Банка Македонија со свечен настан за клиентите ја отвори експозитурата во Тетово, на нова атрактивна локација на ул. „Илинденска“ бр.1/1, во центарот на градот...
Денес во ресторанот „Four“ Орифлеим Македонија оддржа несекојдневен и инспиративен настан полн со изненадувања овозможувајќи им на присутните мигови вредни за паметење...
Како магнетот влијае на различни течности; дали растојанието меѓу планетите во соларниот систем е пропорционално со растојанието на честичките во атомот и која е поврзаноста помеѓу кардиоваскуларниот и водоводниот систем. Ова се само дел...
Нашата истражувачка екипа на јадачи си постави нов предизвик: да откриеме каде во Скопје може да се добие најдобриот и највкусниот појадок. Прошетавме и дегустиравме низ еден куп локали, ресторани и гостилници, но како стварно посебен локал што би сакале да го издвоиме по своите појадоци, како и по атмосферата е “Бистро Скопје”...
Свечено отворени вратите на Клубот за млади, кој во рамките на проектот за Социјална инклузија и економско зајакнување на млади ќе функционира во рамките на Ресурсниот центар на СОС Детско село Македонија.