Бетмен, Спајдермен, Капетан Америка, Маша и Медо денеска ги изненадија дечињата кои престојуваат на Клиниката за детски болести во Скопје за да им го честитаат Коледе. Костимираните суперхерои поддржани од двата детски омилени ликови од популарниот руски цртан филм влегуваа во собите на болните дечиња пеејќи им коледарски песни и според коледарската традиција им поделија пакетчиња со овошје, слатки и играчки...
Најпопуларните брендови на македонските студенти во 2016 година се претставени во најновата реклама на реномираната меѓународна агенција за истражување и сертификација STUBRAND. Од тимот на STUBRAND Macedonia не информираа дека рекламата била снимана на локации во Битола и Скопје, а ликот на македонскиот студент Александар го глуми моделот Кирил Трајчевски, кој воедно е и студент на Факултетот за физичка култура во Скопје...
Скопје, (28.12.2016) Уникатниот Buzz shop понуди специфично шопинг искуство исполнето со забава, попусти и одличен избор на патики. Во среда, 28.12.2016, започна специјалниот шопинг зачинет со промоцијата на првиот Buzz Mix tape vol. 1 креиран од етаблирани претставници на урбаната култура...
Благодарение на наградната игра на Соко Штарк „Smoki Friendy“, среќните добитници од целиот Балкан ја започнаа својата најубава патувачка авантура. Трудот за најинтересна фотка или видео вклучувајќи ги омилените крцкави Смоки се исплатеше, бидејќи ова е најдобриот начин да се запечати крајот на годината, со патување кое ќе се памети засекогаш...
Во среда, 28.12.2016, со почеток од 18:45 минути во BUZZ shop во Skopje City Mall започнува специјалниот шопинг зачинет со промоција на првиот Buzz Mix tape Vol.1...
Новогодишните и Божиќните празници се вистинското време да се дарува, без очекување да се добие нешто за возврат, едноставно да се ужива во среќата на другите. Време во кое за кратко може да заборавиме на себе и да најдеме време да им се посветиме на другите. Време во кое ќе тргнеме настрана сè што е помалку важно и ќе им дадеме предност на вистинските вредности...
Дозволете си едно поинакво хедонистичко искуство и впуштете се во незаборавно гастрономско патување низ богатите вкусови на префинетата храна и внимателно селектираните вина. Тајната на Антигона...
Можеби звучи нескромно, но ретко се фалиме, а годинава имаме и зошто. Едноставно кажано – полни сме со емоции и мерак ни е да го споделиме ова со сите вас затоа што вие сте најголемите виновници и нашата најголема инспирација и мотивација.
Заврши и овогодинешниот награден конкурс на уметнички дела од амбалажен отпад во кој беа избрани победниците во категориите градинки, основни училишта и поединци и останати институции што ја најдоа својата инспирација во амбалажниот отпад што вешто го претворија во дела на современата уметност.
Овој период од годината сите ја чувствуваме еуфоријата на Новата година и божиќните празници и се радуваме на магијата на светилките и украсите. Нашиот најголем трговски центар Skopje City Mall нуди една волшебна атмосфера за сите посетители кои ќе уживаат во пазарењето кое во овој месец е најактуелно, и ја заокружи успешната година со уште еден во низата настани кои ги организираше во текот на целата година.
Секој ден во текот на следната година може да почнува со Северина, најголемата балканска поп-ѕвезда, која како заштитно лице на „Пелистерка“ во следниве две години, е ѕвездата на календарот на најпознатиот македонски бренд за вода за 2017-та година.
Голем број потрошувачи, заинтересирани граѓани и учесници присуствуваа во трговскиот центар Рамстор на извлекувањето на добитниците од наградната игра „11-ти роденден на Рамстор!“.
Нов, неодолив вкус завладеа со градот! Мекиците од Стража денес го проширија менито со новиот Blues Burger King, или како што кратко ќе си го нарекуваме BB King. Kомбинацијата од 100% телешко месо, крцкав помфрит, домашно лепче, зеленчук и сочен сос веднаш ќе Ве освои.
Велат дека за добрите работи во животот, вреди да се чека. На задоволство на сите сладокусци, од неодамна може секојдневно да се ужива со новиот Битолски густ јогурт на Бимилк! Овој јогурт со својата идеална густина, пробуди ново доживување во секојдневната исхрана на сите потрошувачи...
Дарувањето е исконска потреба на човекот да ги направи среќни оние што ги сака. Дарувањето е израз на најтопли чувства, начин како делче од себе да дадеме некому. Но повеќето луѓе тврдат дека далеку повеќе ги радува кога даруваат тие, отколку кога самите добиваат подарок.
Никогаш не е прерано да започнеме да ги учиме нашите деца повеќе за тоа како функционира телото и кои се добрите навики кои треба да ги практикуваме. Поттикнати од оваа идеја Здружението за бубрежно болни граѓани „Нефрон“ во соработка со „Ладна“ од средината на месец октомври започнаа да организираат едукативни работилници наменети за сите третооделенци од скопските општините Центар, Аеродром и Чаир...
Скопје, 19 декември 2016г. – Вработените во Вип повторно ја покажаа својата хуманост и одлучија да ги збогатат новогодишната магија и празничното расположение за децата згрижени и поддржани од СОС Детско село и за децата без родителска грижа згрижени во Домот за деца “11 Октомври” во Скопје...
Една од светлите точки во моментов во нашата земја е дефинитивно изборот за STUBRAND на Македонија кој годинава се одржа по втор пат. Студентите имаа можност повторно да покажат со кои брендови во земјава имаат емотивна поврзаност.