„Татковците се супер-херои, водичи во животот... Мојот татко беше сето тоа и многу повеќе, за мене татко од најубавата сликовница, мојот Супермен. Не сфаќав дека старее, дека еден ден може да не биде со нас, затоа што никогаш не се жалеше и сè можеше сам...“, гласи дел од емотивната објава на Снежна Лупевска, која ќе направи да го прегрнете цврсто својот татко, доколку ја имате среќата да е до вас.