3 предлог книги за на плажа од македонските инфлуенсерки

Што читаат Јелена Спенџарска, Миа Костова и Теона Манго на плажа? Погледнете кои се нивните три книжевни предлози што ги споделија на социјалните мрежи...

3-predlog-knigi-od-makedonskite-influenserki-za-na-plazha-01.jpg

Уживање покрај море, на лежалка со коктел во рака или со книга, секој има свој вкус, а три наши инфлуенсерки на своите Инстаграм профили решија да откријат дека ова лето нашле време да прочитаат и некои од новите книжевни изданија на нашите издавачки куќи.

Што читаат македонските инфлуенсерки на плажа:

Јелена Спенџарска – „Врати ме назад“- Б. А. Парис

Фин и Лејла се млад вљубен пар кои сметаат дека го имаат целиот живот пред себе. Додека се враќаат од одмор од Франција една ноќ, Фин застанува за да отиде до тоалет и ја остава својата девојка сама во автомобилот, но кога се враќа, неа ја нема.

Тоа е приказната што тој ѝ ја раскажува на полицијата, но не е целосната вистина.

По 12 години, Фин веќе успеал да го изгради својот живот со сестрата на Лејла, Елен, а ќе добие мистериозен телефонски повик заради кој тој ќе почне да бара одговор на голем број неодговорени прашања од минатото.

3-predlog-knigi-od-makedonskite-influenserki-za-na-plazha-02.jpg

Теона Манго – „Станот во Париз“ - Луси Фоли

Романот беше номиран за најдобра мистерија и трилер во 2022-ра година според платформата за читатели Goodreads.

Дејството се одвива во станбена зграда во Париз каде секој станар има по некоја тајна.

Џес има потреба од нов почеток. Во моментот кога останува без пари и без работа, таа одлучува да престојува одреден период во станот на нејзиниот полубрат Бен, којшто воопшто не звучи воодушевено во моментот кога таа му ја соопштува веста.

Таа се појавува во неговиот преубав стан и првото нешто што сака да го праша е: „Дали тој воопшто може да си дозволи таков стан?“

Но, Бен не е тука, а колку повеќе Џес се обидува да открие што се случува со него, таа наидува на толку поголем број неодговорени прашања.

3-predlog-knigi-od-makedonskite-influenserki-za-na-plazha-03.jpg

Миа Костова – „Господин неподнослив“ - Вај Киленд

Шарлот оди во продавница за стари работи за да ја продаде својата венчаница, а таму сосема случајно наоѓа нова сина венчаница со интересен натпис:

„Ти благодарам што ми ги оствари соништата!“

Така започнува приказната меѓу неа и Рид Иствуд, кој по сплет на околности наскоро ќе стане нејзиниот нов шеф.

Романот е одличен за сите оние што сакаат романтични приказни со заплет и среќен крај.

3-predlog-knigi-od-makedonskite-influenserki-za-na-plazha-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи што ќе ве привлечат уште по првите прочитани страници Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или е силувана дод...
Три книги од „кралицата на романтичните комедии“, Софи Кинсела, што мора да ги прочитате Сите романтични души во животот мора да прочитаат барем една романтична книга од...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...
3 книги за силни жени во арапскиот свет - интригантни приказни што мора да ги прочитате Две жени во Иран се борат за женските права; Американка која се мажи за Иранец и...

Најчитани неделава