Победникот рече дека мора да оди во тоалет додека се читаа гласовите - Највпечатливи моменти на Евросонг 2025

Најзабавен дел од вечерта беше музичкиот двобој на Бејби Лазања и Карија од Финска - тие ги испеаја своите песни Rim Tim Tagi Dim и Cha Cha Cha, испреплетени една со друга, и „го украдоа“ шоуто.

pobednikot-reche-deka-mora-da-odi-vo-toalet-dodeka-se-chitaa-glasovite-najvpechatlivi-momenti-na-evrosong-2025-01.jpg

Вчеравечер во Базел, Швајцарија се одржа финалето на 69-тото издание на Евровизија.

Победник е Џеј Џеј со песната Wasted Love, што значи дека в година, домаќин на 70-тото, јубилејно издание на ова музичко натпреварување, ќе биде Австрија.

pobednikot-reche-deka-mora-da-odi-vo-toalet-dodeka-se-chitaa-glasovite-najvpechatlivi-momenti-na-evrosong-2025-02.jpg

За разлика од претходните Евровизии, оваа не остави толку силен впечаток кај публиката.

Иако продукциски беше одлична, со интересни настапи, песните, во најголемиот дел беа „веќе слушнати“, а скоро ниедна не се одвои уште на прво слушање.

Фановите беа разочарани и од водителките, кои го водеа шоуто коректно, но не воодушевија, па критики на нивна сметка имаше многу.

Сепак, Евровизија 2025 изобилуваше со впечатливи моменти, а ова се дел од нив:  

Шоуто почна со настапот на минатогодишниот победник Немо, кој се декларира како небинарна личност.

Тој прво ја испеа песната Code со која победи лани, а на сцената излезе облечен во долг фустан.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Дишам“ - новата песна на ДААН инспирирана од моментите на колективна тага и тишина која настана по... „Оваа песна ја посветувам на сите „Ангели“ кои прерано не напуштија и на нивните...
„Не мораш да бидеш совршен за да бидеш сакан“ – Наташа Малинкова со моќна порака во новата песна „Vr... По подолга пауза, Наташа Малинкова се враќа со нова песна и впечатлив видео запи...
Миа Костова оценува „кандидатки“ за идна снаа и превртува очи - „Син на мајка“ на Јанг Дади ќе биде ... Едната му носи прстен, другата бурек и јогурт, третата не делува среќна што мора...
Промовирана македонската песна за Јуниор Евросонг 2025 - Нела (13) од Скопје ќе ја пее Miracle Нела Манческа од Скопје е нашиот годинашен претставник на Јуниор Евросонг, кој ќ...
Нашата Нела Манческа „растури“ со изведбата на Јуниор Евросонг 2025 – погледнете го настапот и гласа... Со моќна изведба на песната „Miracle“, со својот волшебен глас и самовилски изгл...
По турбулентни периоди, Теа Трајковска претставува соло проект инспириран од лични моменти (видео) По еден од најтурбулентни и најтешки периоди за неа, популарната поп‑пејачка Теа...

Најчитани неделава