Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Победникот рече дека мора да оди во тоалет додека се читаа гласовите - Највпечатливи моменти на Евросонг 2025

На второто појавување, додека траеше гласањето, Немо излезе во штикли и костум кој беше половина проѕирен, а во другата половина покриен со светки.

Шпанската пејачка Мелоди, по крајот на настапот, со рацете си ја собра косата во опавче и ја вртеше како „вентилатор“.

Откако во првото полуфинале водителката Хејзел Бругер покажа како може да го свитка јазикот, сега тоа го повтори заедно со Мишел Хунцикер.

Најзабавен дел од вечерта според твитерџиите, но и фановите, беше музичкиот двобој на Бејби Лазања од Хрватска, кој во 2024 заврши на второто место и Карија од Финска, кој беше втор во 2023.

Тие ги испеаја своите песни Rim Tim Tagi Dim и Cha Cha Cha испреплетени една со друга и ја кренаа публиката на нозе.

Победникот, пак, Австрискиот претставник Џеј Џеј, водеше во поголемиот дел од телевоутингот.

Па кога водителката дојде до него во зелената соба за да го праша како се чувствува, тој рече дека е возбуден, но дека во моментот не се фокусира на тоа, затоа што многу му се оди во тоалет.

„О, Боже, дали дечкото од Австрија рече дека мора да моча пред милиони луѓе?“ - е еден од коментарите на Твитер.

Прочитајте и Австрија победи на Евровизија 2025, две земји со по 0 поени од публиката (видео)



Би можело да ве интересира:

Највпечатливи моменти на Евровизија 2025: Српскиот пејач го влечеа по сцена, песната на Дарко Димитр... Настапот на Израелката беше проследен со контроверзии, ниедна поранешна ЈУ репуб...
Мартија, Лоба, „Дајте музика“ - сите македонски претставници на Јуниор Евросонг (и нивните пласмани) Во 2003 година првпат учествувавме на Јуниор Евросонг, Викторија Лоба и Марија А...
Здодевни водителки и песни, Селин Дион беше светла точка - Зошто вчерашното полуфинале на Евросонг м... И покрај огромната сцена, скапата продукција и неколку впечатливи настапи, ...
По скандалот со победниците, Црна Гора избра песна од Дарко Димитров за Евровизија 2025 Ова ќе биде 14-то учество на Дарко Димитров на Евросонг, кој низ годините, освен...
Ана и Алексеј ќе нè претставуваат на Јуниорскиот Евросонг – слушнете ја „Маратон“ „Маратон“ е песната со која Ана и Алексеј ќе нè претставуваат на Јуниорскиот Евр...
Макфестовската „Бура“ на Димитар Андоновски доби видео запис „Оваа песна е одраз на внатрешните битки кои сите ги доживуваме. „Бура“ ја ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg