Победникот рече дека мора да оди во тоалет додека се читаа гласовите - Највпечатливи моменти на Евросонг 2025

На второто појавување, додека траеше гласањето, Немо излезе во штикли и костум кој беше половина проѕирен, а во другата половина покриен со светки.

Шпанската пејачка Мелоди, по крајот на настапот, со рацете си ја собра косата во опавче и ја вртеше како „вентилатор“.

Откако во првото полуфинале водителката Хејзел Бругер покажа како може да го свитка јазикот, сега тоа го повтори заедно со Мишел Хунцикер.

Најзабавен дел од вечерта според твитерџиите, но и фановите, беше музичкиот двобој на Бејби Лазања од Хрватска, кој во 2024 заврши на второто место и Карија од Финска, кој беше втор во 2023.

Тие ги испеаја своите песни Rim Tim Tagi Dim и Cha Cha Cha испреплетени една со друга и ја кренаа публиката на нозе.

Победникот, пак, Австрискиот претставник Џеј Џеј, водеше во поголемиот дел од телевоутингот.

Па кога водителката дојде до него во зелената соба за да го праша како се чувствува, тој рече дека е возбуден, но дека во моментот не се фокусира на тоа, затоа што многу му се оди во тоалет.

„О, Боже, дали дечкото од Австрија рече дека мора да моча пред милиони луѓе?“ - е еден од коментарите на Твитер.

Прочитајте и Австрија победи на Евровизија 2025, две земји со по 0 поени од публиката (видео)



Би можело да ве интересира:

„Дишам“ - новата песна на ДААН инспирирана од моментите на колективна тага и тишина која настана по... „Оваа песна ја посветувам на сите „Ангели“ кои прерано не напуштија и на нивните...
„Не мораш да бидеш совршен за да бидеш сакан“ – Наташа Малинкова со моќна порака во новата песна „Vr... По подолга пауза, Наташа Малинкова се враќа со нова песна и впечатлив видео запи...
Миа Костова оценува „кандидатки“ за идна снаа и превртува очи - „Син на мајка“ на Јанг Дади ќе биде ... Едната му носи прстен, другата бурек и јогурт, третата не делува среќна што мора...
Промовирана македонската песна за Јуниор Евросонг 2025 - Нела (13) од Скопје ќе ја пее Miracle Нела Манческа од Скопје е нашиот годинашен претставник на Јуниор Евросонг, кој ќ...
Нашата Нела Манческа „растури“ со изведбата на Јуниор Евросонг 2025 – погледнете го настапот и гласа... Со моќна изведба на песната „Miracle“, со својот волшебен глас и самовилски изгл...
По турбулентни периоди, Теа Трајковска претставува соло проект инспириран од лични моменти (видео) По еден од најтурбулентни и најтешки периоди за неа, популарната поп‑пејачка Теа...

Најчитани неделава