Ужива на приватна јахта, „се бори“ со бранови – Џорџина Родригез се фали со луксузниот одмор, јавноста ја критикува (фото+видео)

Џорџина постојано споделува фотки и видеа од одморот на луксузната јахта на Кристијано Роналдо, но додека некои имаат само пофални зборови за неа, дел од следбениците на Инстаграм ја критикуваат бидејќи се фали со раскошот.

uzhiva-na-privatna-jahta-se-bori-branovi-dzhordzhina-rodrigez-se-fali-so-luksuzniot-odmor-javnosta-ja-kritikuva-foto-video-01.jpg

Периодов Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез се на одмор со нивните деца. Тие крстарат со луксузната јахта на фудбалерот и досега посетија неколку европски дестинации, како Италија и Португалија.

Џорџина, пак, не ја пропушти можноста да се пофали со раскошот во којшто ужива, но повторно се соочи со критики од јавноста.

Во нејзината најнова Инстаграм објава, Џорџина „се бори“ со брановите на брегот и пробува да одржи рамнотежа додека удираат во неа.

„Кога мислиш дека си непобедлива“, стои во описот.

Претходно таа сподели фотки од приватниот авион на фудбалерот, семејни фотки од одморот на јахтата, како и неколку фотографии на кои скапите чанти и накит се во преден план.

Во коментари на објавите, многумина имаат само пофални зборови за Џорџина, особено за нејзиниот изглед, но дел ја критикуваат за фалењето:

„Ако размислите, ќе сфатите дека таа е единствената партнерка на фудбалер која се фали колку е богата“.

„Навистина мисли дека ако ги покажува нејзините брендови, ќе стане уште побогата. Изгледа дека е многу желна за овој начин на живот и не може да се контролира“.

„Веќе претеруваш. Дали воопшто правиш нешто друго?“

За потсетување, неодамна се појавија гласини дека на Роналдо му е „преку глава“ од трошењето, но и фалењето на Џорџина. Истовремено, некои извори тврдеа дека на нивната врска ѝ се ближи крајот.

Како одговор на гласините, и Џорџина и Роналдо споделуваат фотки од заедничкиот одмор.

Сепак, на некои папарацо фотки, реалноста изгледа многу поразлично.

Погледнете и: Џорџина мизерна, Роналдо ја игнорира – Познатиот пар на одмор на Сардинија, по гласините дека ќе раскинуваат (фото)

Повеќе фотки од одморот на Џорџина и фудбалерот:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Ретки фотки од Хари и Меган на летен одмор – тој ја фрла ќерката во базен, таа во монокини се сонча Ретко имаме можност да ги видиме во вакво издание – Хари се бања со децата и ја ...
Викторија и Дејвид Бекам ја разгореа страста на јахта – таа не може да му одолее на згодниот сопруг ... Дејвид чита книга, но Викторија има други планови за него – Бекамови уловени во ...
Две забремениле на само 16 години, сите ги изневерувал: Четирите сопруги на Чарли Чаплин Неговата прва сопруга имала само 16 години кога се венчале, а на иста возраст би...
Мел Гибсон (69) побара развод од 34 години помладата сопруга - Имаат син, се колнеше дека никогаш не... Неофицијално, актерот е тој што решил да „пресече“ и поднел документи за развод ...
Била љубоморна и го „задушувала“, сакал да ѝ раскине: Детали за кризата во врската на Кајли Џенер и ... Иако сега се шпекулира дека можеби ќе се свршат, до неодамна, Кајли и Тимоти мин...

Најчитани неделава