Пред Вилијам била во врска со згоден правник – Каде е денес мажот што ѝ го украл срцето на Кејт Мидлтон, пред принцот?

Пред да ја започне врската со принцот Вилијам Кејт Мидлтон била во врска со друг студент на факултетот каде што студирала. Денес тој е успешен адвокат и има три деца, а Кејт е пријателка со неговата сопруга. Погледнете како изгледа човекот кој пред Вилијам успеал да го освои срцето на принцезата од Велс? 

pred-vilijam-bila-vo-vrska-so-zgoden-pravnik-kade-e-denes-mazhot-shto-i-go-ukral-srceto-na-kejt-midlton-pred-princot-01_copy.jpg

Кејт Мидлтон денес е во среќен брак со принцот Вилијам со кого има три деца, но малкумина знаат дека пред да биде со него, таа била во врска со нејзин колега од универзитетот Сент Ендрјус, Руперт Финч.

Оваа кратка врска беше прикажана во шестата и последна сезона на ТВ серијата The Crown, каде беа опфатени факултетските години на принцот Вилијам и почетокот на неговата љубовна приказна со Кејт. 

ova-e-poranesnoto-momce-na-kejt-midlton-04.jpg

Интересно е тоа што и по раскинувањето, Кејт и Руперт останале во добри односи па тој заедно со поранешните девојки на Вилијам, Оливија Хант и Карли Маси-Берч се појави на кралската венчавка во 2011 година.

Како што објави магазинот „Hello", Руперт денес работи како адвокат во фирма во Лондон.

ova-e-poranesnoto-momce-na-kejt-midlton-03.jpg

Во 2013 година, Руперт го кажа судбоносното „да“ на својата избраничка, лејди Наташа Руфус Ајзакс, ќерка на маркизот Сајмон Руфус Ајзакс, со која има три деца.

На свадбата беа поканети и Кејт и Вилијамс.

Наташа е англиски аристократ и основач на модната куќа Beulah London.

ova-e-poranesnoto-momce-na-kejt-midlton-02.jpg

Дека се во одлични пријателски односи говори и фактот што Кејт е долгогодишен обожавател на модниот бренд на сопругата на нејзиното поранешно момче, а и во неколку наврати на јавни настани се појави во фустани со потпис на Beulah.

„Чест е да се види војвотката во дизајн на Beulah. Таа е прекрасен амбасадор за британските брендови и тоа е поважно од што било во моментов“ - изјави претходно Наташа за магазинот Hello!.

Освен Руперт, Кејт Мидлтон, пред да се запознае во Вилијам, беше во врска и со Вилијам Маркс кој всушност бил нејзина прва љубов.

Врската ја започнале во 2000 година. По раскинувањето тие останале пријатели. Денес, Маркс е телевизиски репортер.

Се шпекулираше дека по кратката разделба со принцот Вилијам, Кејт била во романса со Хенри Ропнер.

В. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Била зависничка од дрога, денес има 73 години – Каде е и што прави Ивет од бразилската серија „Клон“... Во 1969-та била Мис Бразил, го изгубила старателството над синот заради зависнос...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Родители осудија актерка која создаде маски за лице за мали деца: „Ова е токсично и умоболно“ „Сакав да направам нешто што функционира, а е доволно чисто за да можам да го ст...
Лудата приказна на жена која тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус: „Ја родив на 12 години“ Жена од Аризона тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус, па дури и ја моли...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Род Стјуарт ја оставил својата најстара ќерка во дом за сираци – во каков однос е со другите седум д... Род Стјуарт има осум деца од пет различни жени. Првото дете го добил на само 17-...

Најчитани неделава