Славни жени кои замрзнаа јајце клетки: „Сакав да си дадам шанса да станам мајка“

Одлуката да се стане мајка не секогаш лесна за реализација, колку жената и да сака да има свое дете.

slavni-zheni-koi-gi-zamrznaa-jajce-kletkite-sakav-da-si-dadam-shansa-da-stanam-majka-i-da-ne-najdam-partner-01.jpg

Многу жени вои светот решаваат да ги замрзнат своите јајце клетки. 

Меѓу оние, кои од различни причини решиле да замрзнат јајце клетки и да си дадат можност во иднина да станат мајки, се и многу славни жени:

Кристен Стјуарт

Ѕвездата на Twilight во поткастот Not Skinny But Not Fat, изјави дека таа и нејзината свршеничка, Дилан Мајер, еден ден би сакале да имаат деца.

„Правевме многу досадни работи, како што е замрзнување јајце клетки и слично. Но, еден ден ако решиме да имаме деца, ќе можеме да го направиме тоа“, кажа таа.

5-slavni-zheni-koi-gi-zamrznaa-jajce-kletkite-sakav-da-si-dadam-shansa-da-stanam-majka-i-da-ne-najdam-partner-05.jpg

Пријанка Чопра

Поранешната Мис на светот, Пријанка Чопра, во 2023 година откри дека на почетокот на своите 30-ти години замрзнала јајце клетки, по што почувствувала огромна слобода.

„Го направив тоа за да бидам сигурна дека не мора да брзам да станам мајка, да можам да се посветам на кариерата, а ако со текот на годините не запознаам човек со кого би сакала да имам деца, да си дадам шанса да станам мајка сама“, кажа Пријанка.

Оваа актерка сега е во брак со музичарот Ник Џонас, со кого ја има ќерката Малти Мари.

5-slavni-zheni-koi-gi-zamrznaa-jajce-kletkite-sakav-da-si-dadam-shansa-da-stanam-majka-i-da-ne-najdam-partner-06.jpg

Ема Робертс

Актерката Ема Робертс го има синот Роудс.

Но, пред да забремени таа поминала низ процедура за замрзнување јајце клетки, откако во доцните 20-ти години лекарите ѝ дијагностицирале ендометриоза - состојба при која ткивото, кое обично ја покрива матката, расте на други невообичаени места во телото.

Најчесто, ендометриозата се наоѓа во карличниот дел, може да предизвика бројни симптоми како што се болки во карличниот дел, но и неплодност.

„Кога ми ја дијагностицираа ендометриозата ми кажаа и дека таа почнала да влијае на мојата плодност, па ми препорачаа да замрзнам јајце клетки.

Да бидам искрена, бев преплашена, и да поминам низ целиот процес на замрзнување јајце клетки, но и од фактот дека можеби никогаш нема да имам деца“, рекла таа во интервју за Cosmopolitan во 2020 година.

5-slavni-zheni-koi-gi-zamrznaa-jajce-kletkite-sakav-da-si-dadam-shansa-da-stanam-majka-i-da-ne-najdam-partner-02.jpg

Рита Ора

Музичката ѕвезда во 2021 година откри дека замрзнала јајце клетки кога имала 24 години, а потоа и кога наполнила 27 години.

„Мислам дека како жени си создаваме притисок самите на себе, бидејќи сметаме дека е наша должност да создадеме нов живот. Затоа не сакав да се грижам за тоа.

По ова веќе немав притисок. И сметам дека е најдобрата работа што ја направив за својата иднина“, кажа таа.

5-slavni-zheni-koi-gi-zamrznaa-jajce-kletkite-sakav-da-si-dadam-shansa-da-stanam-majka-i-da-ne-najdam-partner-04.jpg

Кеша

Американската пејачка откри дека замрзнала јајце клетки во интервју во кое кажа дека поради компликации при процедурата, не можела да оди.

„Процедурата ми го ослабна имунолошкиот систем, и ми требаа неколку месеци да се опоравам, но сега сум добра. Беше навистина страшно искуство.

Но, сметам дека секој треба да го прави тоа што е најдобро за нив, а јас сакав да го земам во свои раце своето репродуктивно здравје. Затоа секогаш ќе ги поддржам сите што го прават тоа“, рече Кеша.

5-slavni-zheni-koi-gi-zamrznaa-jajce-kletkite-sakav-da-si-dadam-shansa-da-stanam-majka-i-da-ne-najdam-partner-03.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Родители осудија актерка која создаде маски за лице за мали деца: „Ова е токсично и умоболно“ „Сакав да направам нешто што функционира, а е доволно чисто за да можам да го ст...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...

Најчитани неделава