Имаше само 49 години, се жалел дека има настинка - Што знаеме за смртта на познатиот диџеј Томкрафт?

Пред само еден месец објавил фотка на која среќни и вљубени го прославуваат роденденот на сопругата со која се заедно 20 години. Пред 3 дена имал настап... Обожавателите на електронската музика со тага и неверување ја прифатија веста за смртта на диџејот Томкрафт.

imashe-samo-49-godini-se-zhalel-deka-ima-nastinka-shto-znaeme-za-smrtta-na-poznatiot-didjej-tomkraft-01.jpg

Вистинското име на диџеј Томкрафт беше Томас Брукнер, а најпознат е по неговиот хит Loneliness од 2002-ра година, кој му донесе светска слава.

На 12-ти јуни годинава, диџејот го прослави својот 49-ти роденден.

imashe-samo-49-godini-se-zhalel-deka-ima-nastinka-shto-znaeme-za-smrtta-na-poznatiot-didjej-tomkraft-03_copy.jpg

Неговото семејство на Инстаграм објави дека диџејот починал во понеделникот на 15-ти јули, но не сподели детали за неговата смрт.

„Со тешко срце ве информираме дека вчера (15.07), почина нашиот сакан татко и сопруг.

Секогаш ќе останеш во нашите срца и ќе те сакаме до денот додека да се сретнеме пак“ – стои во соопштението.

Диџејот зад себе ја остави сопругата Сабина, со која беше во среќен брак од 2000-та година и за која велеше дека е љубовта на неговиот живот, и трите деца Макс, Амели и Софи.

На неговите социјални мрежи сѐ уште може да се види објавата од 27-ми јуни годинава, кога го прославиле нејзиниот роденден, со торта, а тој ѝ порача:

„Среќен роденден на љубовта на мојот живот“.

imashe-samo-49-godini-se-zhalel-deka-ima-nastinka-shto-znaeme-za-smrtta-na-poznatiot-didjej-tomkraft-02_copy.jpg 

Инаку, Том Крафт се прослави во 90-тите години како диџеј и продуцент, а настапувал и на германскиот фестивал на електронска музика Love Parade.

Според објавите на социјалните мрежи, тој пред само 3 дена имал настап на фестивал.

Неговиот добар пријател Westbam, кој исто така е меѓу пионерите на електронската музика од 90-тите години, објави подолг пост на Инстаграм, со кој се прости од него:

„Нашиот добар пријател диџеј Томкрафт почина на само 49 години. Настапивме заедно со него пред две недели и имавме одличен сет.

Седев таму и го слушав од почетокот до крајот. Нешто што ретко го правам.

Звучеше одлично и беше целосно свој.

Можеби тоа беше неговиот последен сет. Не знам.

Разговарав со него пред три дена и ми рече дека заздравува од настинка, но ми изгледаше дека е добро расположен.

Том имаше одлична нова музика и се радуваше што ќе настапи заедно со нас на фестивалот Rave The Planet.

Но, не било судено и ми се крши срцето заради тоа.

Почивај во мир, брате“ – му порача пријателот.

Веста за неговата смрт ги изненади обожавателите на електронската музика, кои се простуваат од него на социјалните мрежи и упатуваат пораки со сочувство до семејството.

imashe-samo-49-godini-se-zhalel-deka-ima-nastinka-shto-znaeme-za-smrtta-na-poznatiot-didjej-tomkraft-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Луисана Лопилато наполни 39 години и испрати моќна порака: „Грешев, плачев, се пронаоѓав – и во најт... Неодамна прослави 15 години со саканиот, со кого има 4 деца, од кои едното на 3 ...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Дамиано Давид прослави 2 години врска со саканата, која му порача: „Животот стана толку убав откако ... „Најдобрите 2 години од мојот живот... Најмалку еднаш неделно се расплакувам, за...
Адам Сендлер „ја срами“ сопругата на нејзина премиера – дојде со дречлив блузон и прави гримаси, јав... „Го разбирам кога промовира негови проекти, но кога ја поддржува сопругата, може...

Најчитани неделава