Фотографија од Ријана и Серена Вилијамс во кревет, покажана на судењето на Диди – неговите адвокати ја искористиле во одбрана
- Детали
- четврток, 29 мај 2025
Адвокатите на Диди во судница покажаа фотографија на која се гледаат Ријана и Серена Вилијамс во бикини, заедно со пораки што си ги пишувале музичарот и Кеси Вентура. Тие сакаат да докажат дека Кеси своеволно одела на развратните забави, но не е познато во кој контекст ја искористиле фотката од Ријана и Серена.
Уште по апсењето на Пи Диди се шпекулира дека за време на судењето веројатно ќе бидат спомнати и имиња на познати личности.
Оттогаш, анонимна жена поднесе тужба против Џеј Зи во која тврди дека раперот ја силувал, и тоа заедно со Диди. Џеј Зи остро го негираше обвинувањето и бараше да биде откриен идентитетот на жената.
Досега, за време на судењето на Диди се спомнати неколку славни личности, но генерално во друг контекст, неповрзано со развратните забави на музичарот.
Сега, пак, почна да се споделува фотографија која била принесена како доказ, а на која се гледаат Ријана и Серена Вилијамс.
Фотографијата ја објави Daily Mail, а веќе се споделува и на Твитер и била покажана на суд од страна на одбраната на Диди.
Според британскиот медиум, фотографијата најверојатно е направена во 2012 година, а на неа се забележуваат Ријана и Серена во бикини, како и уште една жена.
Трите лежат на кревет, а се фотографираат на огледало над креветот. Се претпоставува дека третата жена е Каприкорн Кларк, поранешна асистентка на Диди.
Кларк сведочеше и откри дека била отпуштена од работа истата година кога е направена фотката и кога била на одмор со Ријана.
Според Daily Mail, Кеси Вентура му ја испратила фотографијата на Диди, заедно со други фотографии на кои таа и музичарот позираат пред негов авион.
Не е познато во кој контекст адвокатите на Диди сакаат да ја искористат фотографијата од Ријана и Серена. Но, наводно засега немало докази дека пејачката и тенисерката учествувале во забавите.
Сепак, веројатно е направена на одморот што го спомнува поранешната асистентка на Диди.
Познато е дека адвокатите на Диди пробуваат да докажат дека Кеси Вентура не била присилена да учествува во развратните забави туку дека, напротив, некогаш инсистирала да се одржуваат.
Со фотографиите се споделени и пораки што Кеси му ги пишувал на Диди, а кои наводно докажувале дека таа уживала во забавите.
Кеси негира дека ги сакала забавите и со својата одбрана стои на ставот дека морала да му се потчинува на Диди бидејќи кариерата, а со тоа и целата стабилност во животот, ѝ зависела од него.
Прочитајте и: „Ми кажуваше што да правам со Кеси, додека тој нè гледаше и се допираше“: Нови сведоштва на судењето на Пи Диди
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





