Шарлиз Терон (49) искрена: „Неодамна имав секс со 26-годишен, беше неверојатно“
- Детали
- петок, 04 јули 2025
„Пронајдов сексуална слобода во 40-тите. Мислам дека само трипати сум имала секс за една вечер и тоа ми е во ред. Но, неодамна имав секс со 26-годишен дечко и беше неверојатно. Никогаш не сум го направила тоа претходно. Си помислив: Ооо, ова е одлично“ - вели актерката во интервју.

Холивудската актерка Шарлиз Терон (49) долго време е сингл и ужива со своите посвоени деца.
Актерката, која низ годините имаше неколку сериозни врски, гостуваше во подкастот Call Her Daddy на Алекс Купер, каде што, освен за кариерата, зборуваше и за својот сексуален живот.
Таа призна дека по 40-тата година стекнала голема сексуална самодоверба, а дека во моментов има подобар секс отколку во младоста.

„Пронајдов слобода во 40-тите. Мислам дека само трипати сум имала секс за една вечер и тоа ми е во ред. Но неодамна имав секс со 26-годишен дечко и беше неверојатно. Никогаш не сум го направила тоа претходно. Си помислив: Ооо, ова е одлично“ - вели актерката.
На ова, домаќинката на подкастот ѝ вели дека „тој 26-годишен дечко е најсреќниот маж на светот“, но Шарлиз ја уверува дека не е така.
Актерката, меѓу другото има и совет за помладите жени.

Таа тврди дека дамите кои изгледаат самоуверено и сакаат да се постават како „шефови“ во секојдневието, се истите оние кои им се потчинуваат на мажите и прават сè за да ги задоволат во кревет.
„Треба да е обратно - јас да доживеам оргазам. А не е така. Цел живот сме загрижени што мислат мажите. Мојот совет е - не го правете тоа од две причини: ќе имате подобар оргазам и погодете што - на мажот ќе му се допадне ако сте доминантни“.

Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело