Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чаплин и Лита Греј
Наводно, Чарли пробувал да ја присили Лита на абортус и пред свадбата, но безуспешно. Исто така, Чарли ја нарекувал Лита „спонзоруша“ и ја обвинувал дека сакала да му ја уништи кариерата.
За време на бракот кој траел едвај три години, Чарли бил отсутен што е можно повеќе, а имал и бројни афери со други жени.
Лита речиси постојано била изложена на психичка тортура, а во документите за развод има наведено дека од неа имал „одвратни, понижувачки и навредливи сексуални барања“.
Наводно, дури и ја присилувал да прави работи кои биле „забранети во Калифорнија во 1920-тите“, иако не е наведено за какви работи станува збор.
Не можејќи повеќе да издржи, во 1926 години Лита поднела барање за развод, обвинувајќи го актерот за менталната тортура, неверство и перверзни сексуални барања.
Веста за скандалозниот развод станал сензација во американските медиуми, а бил финализиран следната година.
Тој ѝ исплатил 800.000 долари на Лита, а му било наредено да отвори и штедни сметки за нивните две деца. Бидејќи одвратните детали од разводот излегле во јавност, кариерата на актерот во САД речиси била уништена.
Само пет месеци по разводот, целиот случај добил и нов пресврт, кога бил убиен поранешниот батлер на Лита Греј.
Деталите за убиството се нејасни, но јавноста го обвинуваше актерот и многумина сметаа дека бил вмешан.
По трауматичниот брак, Лита се појавила во неколку филмови, но постепено се повлекла од индустријата.
Потоа, во 1966 година, издаде мемоари со наслов My Life With Chaplin. Во книгата, Лита изнесува уште поскандалозни тврдења, но подоцна самата призна дека преувеличила дел од работите.
Потоа, во 1998 година, постхумно беше издадена уште една книга на Лита, овој пат поискрена – Wife of the Life of the Party.
По Чарли, Лита немала многу среќа во љубовта и се венчала и развела уште трипати. Најголем дел во 1970-тите и 1980-тите работела како продавачка, а почина од рак во 1995 година.
Прочитајте и: Психички ги малтретирал сопругите, спиел со 2.000 жени - децата на Чарли Чаплин откриваат контроверзни детали од неговиот живот
Спирова С. | Црнобело
