Трансформацијата на Памела Андерсон: Од „пластична“ русокоса со 5 разводи, до инспиративна актерка која најде вистинска љубов
Во своите мемоари од 2023-та, Памела вели дека скандалот со секс снимката е едно од најтешките нешта што морала да ги преживее.
Но, овој период, снимката не бил единствениот проблем за актерката. Сопругот Томи Ли станал насилен и всушност помина шест месеци зад решетки бидејќи ја удрил.
Кога се случил инцидентот, Памела во раце го држела нивниот син, Дилан, и токму ова ја натерало да поднесе барање за развод.
Потоа Памела и Томи Ли пробуваа да ѝ дадат уште неколку шанси на врската, но на крај целосно се разделија.
Последно, актерката се венча во 2020 година, и тоа со нејзиниот телохранител. Но, бракот траеше само две години.
Повторно ѝ се врати на глумата
Во 2010-тите, Памела Андерсон се појави во низа реални шоуа. Но, во 2022-ра го имаше своето деби на Бродвеј во мјузиклот Chicago.
Следната година, таа сними документарец, а издаде и мемоари во кои искрено ја раскажува својата приказна.
Документарецот беше продуциран од нејзиниот син Брендон кој, пак, доби номинација за Еми.
Гледајќи го документарецот, режисерката Џиа Копола решила да ја најми Памела за нејзиниот филм The Last Showgirl со што ја оживеа нејзината актерска кариера.
За улогата, пак, Памела доби само комплименти, а си заработи и номинација за годинешното издание на Златните глобуси.
Последниот проект на Памела е римејкот на култната франшиза The Naked Gun, каде глуми „рамо до рамо“ со Лиам Нисон.
Престана да носи шминка
За само неколку години, Памела стана инспирација за секоја жена бидејќи гордо ги носи своите 58 години.
Во 2023-та таа престана да носи и шминка, по смртта на нејзината мејкап артистка.
„Новата“ Памела Андерсон најде и ова љубов
Штом почна промоцијата на The Naked Gun, хемијата меѓу Лиам Нисон и Памела Андерсон стана очигледна.
И тоа, не само на филмското платно – на секоја промоција на филмот, тие не ги тргаат рацете еден од друг.
Иако прво извори блиски до парот тврдеа дека се само добри пријатели, според најновите информации, тие дефинитивно се во врска.
Сепак, уште не сакале да зборуваат за врската бидејќи била во почетна фаза.
Но, пред само неколку дена, во интервју Памела изјави:
„Лиам е вистински џентлмен, дарежлив и многу ме поддржува и знаете, не можете а да не се вљубите во него“.
Прочитајте и: „Рано е, но заљубени се“ – Лиам Нисон и Памела Андерсон официјално се најомилениот холивудски пар
Спирова С. | Црнобело
