Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги мрази
Деми пробувала да ги скрие проблемите со зависност, иако биле очигледни за ќерките
Актерката почнала да пие многу алкохол во 20-тите години од животот, а потоа била и зависна од кокаин.
Иако успеала да се ослободи од пороците, додека беше во брак со Ештон Кучер, повторно им се врати.
Бидејќи дома никогаш не зборувале за проблемите, ова било уште едно трауматично искуство за ќерките.
„Не знаев што се случува. Мајка ми беше трезна додека бев дете, и потоа почна да пие. Со години ни велеше дека е трезна, но веќе не беше и не можевме да ѝ веруваме“, има изјавено Талула Вилис.
Морале да прекинат контакт со неа за да се заштитат себеси
Во периодот кога повторно почнала да пие, Деми Мур станала зависна и од лекови против болка.
Кога нејзините ќерки фатиле дека не сака да си помогне, решиле дека мораат да прекинат контакт со неа за да се заштитат себеси. Па, три години не зборуваа.
„Се сеќавам каква анксиозност чувствував кога ќе забележев дека ѝ се затвораат очите (бидејќи не е трезна). Или како се однесуваше поразлично со мене кога не беше трезна.
Имаше моменти и кога беше многу гневна и требаше да ја третирам како мало дете“, откри Талула.
За среќа, Деми успеа да се ослободи од пороците и сега е во добар однос со ќерките.
Талула мислела дека мајка ѝ ја мрази
Во осумте години додека беше во брак со Ештон Кучер, Деми станала како зависна со него.
Тој ѝ бил приоритет, па ќерките почнале да се чувствуваат како не се важни, особено Талула.
„Тогаш сестрите се иселија од дома и останав само јас. И, се чувствував заборавено. Мислев дека не ме сака и вистински верував во тоа“.
Румер морала да викне брза помош кога мајка ѝ се предозирала
Во 2012 година, Деми Мур се предозирала и, како што сама има откриено, речиси умрела, а ќерка ѝ Румер била таа што викнала брза помош.
„Бев во другата соба и ѕвонев на брза помош во паника. Си помислив – или мајка ќе умре во другата соба, без мене и потоа ќе чувствувам вина целиот живот, или ќе одам таму и ќе ја видам и никогаш нема да ја заборавам таа глетка“.
Румер се плашела дека мајка ѝ ќе умре пред неа, а истовремено се плашела и како ќе им каже на сестрите што се случува.
„Никогаш немаше да ѝ прозборат. Но, ова не беше најстрашното нешто. Многу пострашно беше кога ја носев мајка ми на аеродром за да оди на рехабилитација“.
Спирова С. | Црнобело
