Викторија Бекам ја покажа семејната идила во домот по драмите – синот Круз ѝ свири, таа пее, а Дејвид ги насмеа сите со еден потег (видео)
- Детали
- четврток, 20 ноември 2025
Синот Круз изгледа го наследил музичкиот ген од Викторија, а таа по долго време покажа како пее стара песна од Spice Girls, додека Круз ѝ свири на гитара во дневна соба, а Дејвид снима и на крај тој ги насмеа сите кога се приклучи како придружен вокал: „Извинете што го уништив“ – се пошегува.

Иако со години веќе не се занимава со музичката кариера, „пош“ девојката од Spice Girls, Викторија Бекам, изгледа уште го има духот на поп-ѕвезда во себе.

Овој пат, таа покажа како изгледаат нивните семејни моменти додека уживаат сите заедно во домот и музичката атмосфера.
Додека таа седи стуткана со ќебе во кауч, синот Круз (20) ѝ свири на гитара и во дует со неа ја изведуваат „Viva Forever“, хитот на Spice Girls oд 1998-ма.
Викторија покажа дека сепак во неа го поседува талентот, иако многумина се сомневаат, а музичкиот ген го наследил и нејзиниот син, кој веќе неколку години се занимава со музика, снима песни и настапува со бенд.
Периодов семејството Бекам го следат многу драми и турбуленции заради меѓусебните односи и проблемите со најстариот син Бруклин, па многу од фановите уживаа да видат дека тие сепак живеат семејна идила.
Најверните фанови кои го изгледаа до крај видеото, слатко се насмеаја кога Дејвид, кој стои зад камерата и ги снима сопругата и синот, се вклучи како придружен вокал со своите не толку добри вокални способности и се пошегува: „Извинете што го уништив“.
„Сакаме турнеја на Spice Girls ве молам!“ / „Мора да слушате до крај, го обожавам!“ / „Мојата омилена песна, се ежам додека го слушам твојот убав носталгичен глас“ / „Колку прекрасно семејство“ – коментираат овожавателите.
Погледнете го видеото на кое Викторија и Круз имаат проба по дома во дует:
Инаку, Викторија и претходно има објавено видео на кое се гледа како цело семејство е во кујна, Круз свири и пее, а татко му Дејвид му се придружува во пеењето додека готви.
@victoriabeckham At home with the Beckhams ❤️ @David Beckham @Cruz Beckham #HarperSeven xx
♬ original sound - Victoria Beckham
М. М. | Црнобело