Лудата приказна на жена која тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус: „Ја родив на 12 години“
Џејми Ли тврди дека стапила во контакт со Џулија Робертс, Ози и Шерон Озборн, па и Хилари Клинтон.
Вели дека сите биле се однесувале добро кон неа, но не објаснува многу добро зошто никој не пријавил во социјалните служби дека биле контактирани од 12-годишно девојче кое е бремено.
„Им кажував на луѓето дека имам 14 години. Имав протези и тоа помагаше да изгледам постаро.
И, не им давав многу можност – ги замолував да не повикаат полиција бидејќи избегав од дома и не сакав да се вратам“.
Откако била одбиена, решила да ја побара пејачката Доли Партон.
Вели дека дедо ѝ ја однел во Нешвил, а чудно е што ни тој не пријавил во полиција дека неговата 12-годишна внука е бремена.
Овде ја сретнала Доли Партон која не сакала да го посвои детето, но токму таа ѝ ги предложила Били Реј и Тиш Сајрус. Инаку, Доли Партон ѝ е кума на Мајли.
Од Daily Mail споделуваат дека побарале изјава од Џулија Робертс, Шерон Озборн и Доли Партон за бизарната приказна, но засега не добиле одговор.
Били Реј вели дека приказната на Џејми Ли е лажна и апсурдна, а истакнува и дека во Тенеси, каде што е родена Мајли, нелегално е да се направи таква спогодба за посвојување.
Инаку, Џејми Ли првпат пробала да стапи во контакт со Мајли уште во 2016 година, преку адвокатот на пејачката, но безуспешно.
Тој период пробала да пријави во полиција дека била жртва на трговија со луѓе, поради што била затворена и во психијатриска установа во период од околу 72 часа.
Сега Џејми Ли вели дека само сака Мајли да се согласи на ДНК тест.
„Сакам Мајли да направи ДНК тест за да ја дознае вистината дека јас сум нејзина биолошка мајка. Не пробувам да ја оттргнам од нејзината мајка Тиш бидејќи за неа го сакам само најдоброто“.
Таа дури и признава дека нејзината приказна звучи малку нереалистично.
„Знам дека многу луѓе ќе кажат дека приказна е луда – и навистина е луда. Но, некогаш вистината е луда. Јас не избрав да биде таква“.
Спирова С. | Црнобело
