Не била во маркет 15 години, не знае колку чини млеко – Ким Кардашијан за разгалениот живот на висока нога
- Детали
- сабота, 04 април 2026
„Не сум купувала во маркет 15 години. Сакам да ја затворат продавницата за мене. Обожавам чистење со правосмукалка... но не сум го правела тоа многу долго време. Во салон за нокти исто така не сум била околу 15 години...“ - Ким искрена за животот на висока нога.

Ким Кардашијан е ријалити ѕвезда која уште од млади години е размазена заедно со нејзините сестри.
Таа сака да живее живот на висока нога, ужива во богатството и славата, а сака и да се однесува „дигнато“.

Неодамна, Ким гостуваше во подкаст на својата сестра Клои, каде говореше за повеќе работи од животот низ опуштен разговор, но и низ игри.

44-годишната ријалити ѕвезда откри дека во продавница за намирници не отишла повеќе од 15 години:
„Мислам дека бевме во една епизода во нашето шоу пред околу 6 години, но пред тоа можеби 12 години не сум била... веројатно се вкупно 15 години.
Ги молев да затворат маркет за да можам да пазарам. Но во трговски центар одам цело време, со Норт“.

На прашањето пак, кога последен пат чистела со правосмукалка и кога последен пат била во салон за нокти, одговара:
„Обожавам чистење со правосмукалка... но не сум го правела тоа многу долго време. Во салон за нокти исто така не сум била околу 15 години...“ - вели дивата, која ужива во можноста цел тим асистенти да доаѓаат во нејзиниот дом за да ја средуваат, но признава дека нема проблем сама да си наточи гориво на бензинска пумпа.

Погледнете го извадокот од гостувањето:
@dashvirall Wow ! Kim Kardashian says she hasn’t been to a grocery store in 15 years OMG, that’s totally crazy!#kimkardashian #foryou
♬ son original - IM A FAN PAGE🤍
Во подкастот открива дека на почетокот таа била очајна за слава и дека е меѓу првите ѕвезди кои сценирала папарацо фотографии.
„Знаевме каде ќе бидат фотографите (за да фотографираат некоја друга позната личност) и едноставно се појавувавме таму за да нè фотографираат и нас кога ќе се појавиме. Живеев за тоа“ – признава Ким.

Сега, таа е една од најпознатите и најпопуларните лица на планетава, независно како ја стекнала славата, а ужива во луксуз и луѓе кои се задолжени за сите нејзини потреби – од купување храна до гардероба, чување деца, како и батлер.

Во домот таа има повеќе фрижидери, кои се сортирани според намирници кои се соодветно одвоени, а во една прилика има признаено дека нема поим колку чинат основни намирници како тетрапак млеко.
Ким има цел тим на асистенти кои ѝ помагаат во секоја област, дадилки кои ги чуваат децата за голема сума пари, кои работат под строги правила, исто како и личната послуга, обезбедувањето и други вработени кои се грижат за нејзиниот живот на висока нога.

Погледнете го целиот подкаст кај Клои: