Кендал Џенер и Џејкоб Елорди се новиот славен пар: Џастин Бибер им бил „стројник“, безуспешно пробуваат да се скријат
Кендал воопшто не сакала нејзината врска со Џејкоб да биде дел од реалното шоу на Кардашијанс, но Крис сметала дека ќе биде „добар материјал“.
Според изворите на In Touch, Крис планирала и само суптилно да го спомне Џејкоб бидејќи сметала дека тоа ќе се одрази позитивно на гледаноста. Но, Кендал почнала да се заканува.
„Кендал е гневна и се заканува дека дури и ќе си замине од реалното шоу ако Крис или кој било од семејството само и го спомне пред камера“.
Што се однесува до Џејкоб, тој бил фасциниран од конекциите што ги има Кендал.
Иако самиот има работено со врвни ѕвезди, како Марго Роби и Оскар Ајзак, воопшто не бил подготвен за друштвото на Кендал.
„Воодушевен е од нејзиниот социјален круг. Го нарекува ’импресивен‘ бидејќи сите се многу успешни луѓе – едно големо име по друго. Џејкоб е без зборови“.
Благодарение на Кендал, Џејкоб периодов има можност да се дружи со нејзината славна сестра Кајли и нејзиниот дечко – актер Тимоти Шаламе.
Истовремено, сега е близок и со Џастин Бибер и Хејли.
Споре изворите, бил особено импресиониран од Ким Кардашијан за која имал огромна почит.
Изворот вели дека друштвото на Кендал не се ни споредувало со она на неговите бивши.
Актерот четири години беше во врска со Оливија Џејд.
„Џејкоб ја сака Оливија и уште се пријатели. Кога беше со неа, се дружеа со разгалени дечишта од Лос Анџелес кои само сакаа да се забавуваат.
Оливија е одлична, но многу од нејзините пријатели се привилегирани и разгалени. За споредба, блиските на Кендал се на повисоко ниво.
Сите се фокусираат на имиџот и на тоа како да станат милијардери. За него ова е ново ниво и тој е восхитен. Во друштвото на Кендал, сите си помагаат едни со други“.
Изворот додава и дека Џејкоб веќе се зближил со Крис Џенер, која веднаш му понудила да му помогне да се збогати.
„Крис секогаш ги прашува луѓето ’Како да ти помогнам да станеш побогат? Имам контакти‘. И, навистина помага“.
Не е познато кога точно ја почнале врската, но друг извори велат дека не Џастин Бибер, туку Кајли Џенер ги споила.
„Заедно се уште од февруари. Добро е што изминативе неколку месеци и двајцата се во Лос Анџелес, па имаа време да се зближат.
Кајли се дружеше со Џејкоб многу за време на сезоната на награди бидејќи Џејкоб беше номиниран за Frankenstein, а Тимоти за Marty Supreme.
На Кајли ѝ се допадна Џејкоб, мислеше дека ќе биде добар за Кендал, па ја натера да излезат заедно“.
Кендал и Џејкоб одбиваат да коментираат за нивната врска.
Спирова С. | Црнобело