Две забремениле на само 16 години, сите ги изневерувал: Четирите сопруги на Чарли Чаплин
Полет Годард
За разлика од првите две сопруги, Полет била возрасна кога стапила во брак со Чарли.
На денот на свадбата имала 25 години, а Чарли бил 22 години постар од неа.
Додека да се венчаат тие биле во врска околу четири години, а се зборува и дека веќе живееле заедно.
Се разведоа во 1942 година, но целата разделба поттикна вистинска драма.
Десетина години подоцна, Министерството за правда на САД дало наредба да се истражат бракот и разводот на Полет и Чарли.
Кратко пред тоа, пак, Чарли одбиваше да го коментира бракот со Полет, додека таа тврдеше дека се венчале во 1936-та.
Потоа надлежните тврдеа дека Чарли, кој е роден во Лондон, никогаш не добил американско државјанство и ако некогаш се врател во Англија, нема да може повторно да дојде во САД.
Сето ова се случуваше во период кога актерот беше обвинуван дека е комунистички симпатизер, а јавноста веќе го критикуваше неговиот интерес за многу помлади (па и малолетни) девојки.
Уна Онил
Четвртиот и најдолг брак на Чарли Чаплин е со Уна Онил.
Веројатно претпоставувате дека и таа била многу млада на денот на свадба – имала само 18 години, додека Чарли имал 53.
Заедно беа од 1944 до 1977-ра, а со неа Чарли доби дури осум деца.
Тој продолжи да снима филмови, а Уна останувала сама дома за да се грижи за сите деца.
По некое време Чарли сепак беше избркан од САД, па со Уна и децата се преселија во Швајцарија.
Останаа таму до смртта на актерот во 1977 година.
Уна, пак, почина во 1991-ва од рак на панкреасот.
Спирова С. | Црнобело