Поранешниот на Кјара Ферањи доби дете со нова девојка, две години по разводот – објави фотки од породувањето
- Детали
- понеделник, 20 јули 2026
Додека убавата италијанска инфлуенсерка објавува фотки со новиот дечко, нејзиниот бивши сопруг со кого има 2 деца, сподели фотки од породувањето на неговата нова избраничка – позираат во родилна сала со нивното новороденче.

На почетокот на 2024-та италијанската инфлуенсерка Кјара Ферањи и раперот Федез ставија крај на нивниот брак, во кој добија две деца.
Брзо по разводот, Федез си најде нова девојка, со која споделуваше фотки од заеднички патувања, но и од трудничкиот стомак.
Сега тој среќно сподели дека станале родители и објави емотивни моменти од породувањето.
Тој позира со саканата и со нивното новороденче во родилна сала, а потоа и во болничка соба.

Во описот напиша „Колку голема радост“, а на некои од фотките, во креветчето на бебето има и детски цртежи, веројатно од неговите поголеми две деца, кои си го нацртале „новото“ семејство.

Уште неколку фотки кои ги сподели среќниот татко:





М. М. | Црнобело