Кога ѕвездите си мислат дека ги бива за сè...

koga-zvezdite-si-mislat-deka-gi-biva-za-se-01

Многу често, на славните личности наеднаш ќе им „светне“ дека освен професијата која ги прославила, нив фактички ги „бива“ и за многу други работи, па се одлучуваат за друга професија – ама, често неуспешно.

Пример за такво нешто се следниве познати лица:

koga-zvezdite-si-mislat-deka-gi-biva-za-se-1

Мараја Кери – Како пејачка (особено во 90-те) продаваше милиони албуми, што и носеше двојно повеќе долари и еден куп работи што ги носи славата со себе. Што ли текна да се глупира во филмот „Glitter“ од 2011 година, не ѝ јасно на јавноста.

koga-zvezdite-si-mislat-deka-gi-biva-za-se-2

Џенифер Лав Хјуит – Тука пак имаме обратна ситуација. „Жешката“ актерка која ја знаеме од неколку романтични филмови, но и чат-пат нешто сериозно, реши да стане пејачка, па така уште на старт се реши да направи четири албуми, за кои критиката вели дека не ги бива за ништо. Но, актерката упорно тврди дека барем во Јапонија е вистинска пејачка ѕвезда.

koga-zvezdite-si-mislat-deka-gi-biva-za-se-3

Шекил ОНил – Еден од најпознатите НБА центри, уште пред пензионирањето од НБА, сфати дека во него лежи раперски потенцијал, па така реши да му покаже на светот како се рапува. Уште една промашена работа – не ги бива сите да бидат Тупак Шакур.

koga-zvezdite-si-mislat-deka-gi-biva-za-se-4

Мадона – Малкумина знаат дека светски познатата поп кралица од секогаш сакала да биде актерка, па така нејзината актерска кариера започнува уште во 1986 година со „Shanghai Surprise“ – но, како и кај многу други случаи, одговорот на прашањето „зошто не сме виделе добра глума од неа во некој филм?“ се состои во самото прашање.

koga-zvezdite-si-mislat-deka-gi-biva-za-se-5

Мајкл Џордан – Човекот поради кои многумина од нас не спиеле до 6 наутро за да го гледаат во Плеј-Оф, дефинитивно нема да не натера да го направиме истото и со новиот спорт во кој тој си ја пробува среќата. Џордан беше одличен НБА играч и нема потреба да му ги расипува спортските спомени на народот со бејзболот.

Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Лудата приказна на жена која тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус: „Ја родив на 12 години“ Жена од Аризона тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус, па дури и ја моли...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Род Стјуарт ја оставил својата најстара ќерка во дом за сираци – во каков однос е со другите седум д... Род Стјуарт има осум деца од пет различни жени. Првото дете го добил на само 17-...
Родители осудија актерка која создаде маски за лице за мали деца: „Ова е токсично и умоболно“ „Сакав да направам нешто што функционира, а е доволно чисто за да можам да го ст...
Само еднаш бил во брак, близок е со сите бивши: Докази дека Бредли Купер е „безнадежен романтичар“ Секоја врска на Бредли Купер била сериозна, а актерот останал во добри односи со...

Најчитани неделава