Ријана ја враќа во мода малата торбичка околу струкот

Ѕвездата од Барбадос во последно време постојано се појавува во интересни и храбри модни изданија со кои ги засенува своите колешки.

rijana-ja-vrakja-vo-moda-malata-torbicka-okolu-strukot-01

На последното појавување одлучила да облече целосен комплет костум од „Шанел“, чијашто ревија ја следеше од првите редови.

Интересен моден детаљ кој не остана незабележан на неа е малата торбичка околу струкот, која беше популарен моден додаток во 90-тите.

Ријана својот тенок струк го истакнала со корсет кој е составен дел од оваа „Шанел“ креација, а за да изгледа уште пооригинално наместо високи потпетици, облекла патики во ист дезен како костумот со потпис од истиот бренд вредни 3.000 евра.

Модните критичари не изоставиле, а да забележат дека нејзината коса изгледа посебно здраво и убаво, а очилата за сонце се вистински моден погодок.

На овој изглед, Ријана му дала и личен печат кој го одразува нејзиниот стил - мал златен револвер со циркони прикачен на торбичката и нараквица со големи бисери.

После модното шоу заедно со манекенките се забавувала во прошетка низ супермаркет и на фотографите им приредила вистинско уживање.

Погледнете како изгледа и како се забавува Ријана:

Би можело да ве интересира:

Жена пукала со пиштол кон домот на Ријана додека пејачката била внатре – хеликоптер и полициски вози... Жена на возраст од 30-тина години од автомобил испукала неколку куршуми кон домо...
Ријана нервозна на Мет гала додека Ејсап Роки разговара со друга жена – се расправаа и во лимузина (... На Твитер вирално се споделуваат видеа од Ејсап Роки и Ријана на Мет гала каде ш...
Бјанка Сенсори - гола, Ријана насмеана до бившиот што ја истепа: Најскандалозни моменти од историјат... Ланското појавување на Бјанка Сенсори е скандал на Греми наградите што уште долг...
Меган Маркл за првпат се појави на Модната недела во Париз и стилски издоминира Со елеганција како принцезата Дијана и лице речиси без шминка, Меган Маркл издом...
Го бодри кога снима љубовни сцени со колешки, ја смени религијата за него: Детали за бракот на Адам ... Адам Сендлер има изјавено дека кога снима сцени со бакнување, сопругата го мотив...
Марго Роби мета на критики за разголените стајлинзи: „Преубава е, но нема потреба да го покажува зад... По неколкуте разголени изданија периодов, главно во склоп на промоцијата на нејз...

Најчитани неделава