Принцот Хари и Меган Маркл се официјално верени

По гласините кои долго време кружеа за принцот Хари и неговата девојка, Меган Маркл, денес објавија официјално соопштение дека тие се верени.

princot-harry-i-meghan-markle-se-oficijalno-vereni-01.jpg

Кралицата Елизабета конечно дала одобрување за овој пар, една недела по прославувањето на 70-годишнината од нејзиниот брак, а Хари исто така добил дозвола од родителите на Меган, која официјално стана дел од британското кралско семејство.

Во официјалното соопштение од Clarence House стои:

„Неговото височество принцот од Велс, со задоволство ја соопшти веста за свршувачката на принцот Хари и Меган Маркл. 

Свадбата ќе се одржи во пролет, 2018-та. Понатамошни детали за свадбата ќе бидат објавени во догледно време. 

Неговото височество и Меган Маркл се верија во Лондон на почетокот на овој месец.

Принцот Хари ја информираше кралицата и блиските членови на семејството. Принцот Хари исто така доби благослов од родителите на Меган. 

Парот ќе живее во Nottingham Cottage во Кенсингтонската палата.“

?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Fwww.telegraph.co.uk%2Fnews%2F2017%2F11%2F27%2Fprince-harry-meghan-markle-marry-couple-announce-engagement%2F

Принцот Хари и Меган Маркл се верува дека се запознале преку заеднички пријател и се заедно речиси 16 месеци.

На почетокот се обидуваа да ја одржат врската во тајност што е можно подолго, додека првпат не беа забележани заедно во ноември, 2016-та.

princot-harry-i-meghan-markle-se-oficijalno-vereni-002.jpg

Првиот јавен бакнеж тие го споделија во мај, 2017-та, а првото официјално јавно појавување како пар беше во септември, 2017 на тениски меч.

princot-harry-i-meghan-markle-se-oficijalno-vereni-02.jpg

Според неофицијални информации од претходно, Меган веројатно ќе ја носи титулата „Војвотката од Сасекс“, а можеби ќе треба и да го промени името по кое сите ја знаат, најмногу од улогата во серијата „Suits“.

princot-harry-i-meghan-markle-se-oficijalno-vereni-04.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Маркл за првпат се појави на Модната недела во Париз и стилски издоминира Со елеганција како принцезата Дијана и лице речиси без шминка, Меган Маркл издом...
Нови детали за убиството на режисерот и сопругата: Синот ги убил со нож додека спиеле, неговата соба... Ник Рајнер им ги пресекол грлата на родителите додека спиеле, по што изнајмил со...
Меган Маркл критикувана за „морничаво“ видео од лимузина, во близина на местото каде што загина прин... Меган Маркл сподели видео од лимузина снимено во Париз, во близина на местото ка...
Детали за првиот брак на Меган Маркл: Се разведоа по 2 години, му го вратила прстенот по пошта Првиот брак на Меган Маркл траеше околу две години, а наводно нејзиниот поранеше...
Го сменил бројот кога бившата му рекла дека е бремена – Овен Вилсон глуми грижлив татко, а својата ќ... „Ми помага финансиски, но тоа никогаш не ми беше важно. На Лајла ѝ е потребен та...
Сама се поканила на Модната недела во Париз: Меган Маркл се „бламира“, додека Хари бара прошка од кр... Посетата на Модната недела во Париз на Меган Маркл беше одбележана со контроверз...

Најчитани неделава