Полусестрата на Меган Маркл удри со критики по божиќната честика на Меган и Хари

Саманта Маркл ја обвини Меган за дрскост и некултура, додека Томас Маркл, нивниот татко, вели дека Меган отсекогаш била контролирачки настроена личност.

polusestrata-na-megan-markl-udri-so-kritiki-po-bozhikjnata-chestika-na-megan-i-hari-01.jpg

Контроверзната Саманта Маркл ја прокоментира божиќната честитка на нејзината сестра Меган и принцот Хари и ја нарече тажна и некултурна.

Честитката е фотографија од нивната свадба на која се прегрнуваат гледајќи кон огнометот и со грбот се свртени кон камерата.

И додека многумина ја пофалија оваа фотографија од парот, Саманта изјави дека е некултурно што тие го свртеле грбот.

polusestrata-na-megan-markl-udri-so-kritiki-po-bozhikjnata-chestika-na-megan-i-hari-06.jpg

„Дали е кон светот или само кон семејството Регланд и Меган? Малку е тажно. Соочете се со божиќниот дух.“

„Навистина е некултурно да го свртите грбот на божиќна фотографија која треба да сподели топлина и убави желби до светот“, изјави Саманта.

polusestrata-na-megan-markl-udri-so-kritiki-po-bozhikjnata-chestika-na-megan-i-hari-02.jpg

Инаку Меган и нејзината полусестра имаа турбулентна врска и не зборуваат веќе 10 години.

polusestrata-na-megan-markl-udri-so-kritiki-po-bozhikjnata-chestika-na-megan-i-hari-03.jpg

Од друга страна таткото на Меган, 74-годишниот Томас Маркл, која нема зборувано со својата ќерка од нејзината свадба во мај вели дека се обидува да воспостави контакт со ќерка си, но безуспешно. Тој ѝ праќал пораки секој ден, а вели дека испраќал и писма до палатата.

polusestrata-na-megan-markl-udri-so-kritiki-po-bozhikjnata-chestika-na-megan-i-hari-04.jpg

„Меган отсекогаш била контролирачки настроена личност, но никогаш не била некултурна. Сега јас не постојам за неа. Ја сакам многу и би сакал да ми се јави. Треба да има место за мене. Јас сум ѝ татко. Можеме да се справиме со сè, ние сме семејство“, изјави Томас во интервју кратко откако беше објавена божиќната честитка на Хари и Меган.

Прочитајте и 11 знаци дека Меган Маркл веќе се чувствува „заробено“ од кралскиот живот!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Маркл за првпат се појави на Модната недела во Париз и стилски издоминира Со елеганција како принцезата Дијана и лице речиси без шминка, Меган Маркл издом...
Ретки фотки од Хари и Меган на летен одмор – тој ја фрла ќерката во базен, таа во монокини се сонча Ретко имаме можност да ги видиме во вакво издание – Хари се бања со децата и ја ...
Детали за првиот брак на Меган Маркл: Се разведоа по 2 години, му го вратила прстенот по пошта Првиот брак на Меган Маркл траеше околу две години, а наводно нејзиниот поранеше...
Меган Маркл критикувана за „морничаво“ видео од лимузина, во близина на местото каде што загина прин... Меган Маркл сподели видео од лимузина снимено во Париз, во близина на местото ка...
Бившиот на Хали Бери мета на критики откако кажа зошто се развеле: „Не готвеше и не чистеше, а јас с... Речиси 30 години по разводот, првиот сопруг на Хали Бери изјави дека се разделил...
Марго Роби мета на критики за разголените стајлинзи: „Преубава е, но нема потреба да го покажува зад... По неколкуте разголени изданија периодов, главно во склоп на промоцијата на нејз...

Најчитани неделава