Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Криси Тајген сака да ги извади имплантите, но се плаши: „Не сакам да умрам на операција за гради“

Криси Тајген за првпат откри дека на 20-годишна возраст ставила импланти во градите.

krisi-tajgen-otkri-deka-ima-implanti-no-saka-da-gi-izvadi-01.JPG

34-годишниот модел се отвори во интервјуто за Glamour UK, зборувајќи за нејзиното искуство со пластичната хирургија на почетокот од кариерата.

„Да, си ги направив градите кога имав околу 20 години. Најмногу беше за костимите за капење. Си реков, ако позирам легната на грб, сакам градите да ми бидат полни! Но, кога имате деца градите се полнат со млеко и се ’издишуваат‘.“

Криси додаде и дека не ги зголемила градите, туку само ги „исполнила“ за да изгледаат подобро.

krisi-tajgen-otkri-deka-ima-implanti-no-saka-da-gi-izvadi-02.JPG

Иако сега размислувала да ги отстрани, се двоумела дали повторно да оди „под нож“.

„Мислам дека имплантите треба да се заменуваат на секои 10 години. Но кога имате деца, размислувате за ризиците од операцијата и си помислувате ’Не сакам да умрам вака, на операцијата за гради‘“, изјави Криси.

Во истото интервју Криси зборува и за нејзината самодоверба, споделувајќи дека порано се мерела секое утро, попладне и вечер.

„Знаев што ќе каже вагата после секој оброк.“

krisi-tajgen-otkri-deka-ima-implanti-no-saka-da-gi-izvadi-03.JPG

Го правела ова цели осум години, но нештата се промениле кога ги добила Мајлс и Луна. Наводно, ѝ било потребно цела година да го прифати своето тело после бременоста.

Ова не е првпат Криси да прозбори за процедурите што ги има направено. Во 2017-та таа изјави дека направила липосукција на рацете:

„Имав липосукција на рацете, што е едно од најдобрите нешта. Голема тајна е, но не ми е грижа. Беше пред околу девет години. Но, тоа што го отстранив се врати, па сега пак треба да плаќам за липосукција.

Беше многу лесно. Направи да се чувствувам убаво кога носев фустан. Имав поголема самодоверба. Беше најглупавото нешто што сум го направила. Најглупавото, но ми се допаѓа. Искрено, не жалам“, вели Криси.

krisi-tajgen-otkri-deka-ima-implanti-no-saka-da-gi-izvadi-04.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Познати личности кои драстично ослабеа годинава (и како) Миа Костова откри дека ослабела 17 килограми за 10 месеци со броење калории. Кои...
6 години ја криеја врската, се венчаа дури откако добија деца: Љубовната приказна на Двејн Џонсон и ... Бракот на Двејн Џонсон и сопругата Лорен важи за еден од најстабилните во Холиву...
Ги извади имплантите, па направи операција за намалување на челото: Криси Тајген е опседната со козм... Стави импланти во градите, па ги извади, отстрануваше масно ткиво од образите, н...
„Не сакам да верувам дека се пар“: Зошто фановите на Тимоти Шаламе ја мразат Кајли Џенер? Иако се заедно веќе две години, фановите на Тимоти Шаламе до денес ја критикуваа...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg