Анџелина Џоли се појави на премиера како божица - во елегантен фустан, со необичен моден детаљ на устата (фото)
- Детали
- вторник, 19 октомври 2021
Со елегантен фустан, златен накит и необичен златен детаљ на нејзиното лице, Анџелина Џоли беше како божица на премиерата на нејзиниот нов филм The Eternals. Ќерка ѝ Захара, пак, се појави на премиерата со фустанот што Џоли го носеше на Оскари 2014.
На премиерата на новиот филм на Марвел – The Eternals – Анџелина Џоли присуствуваше со нејзините деца и изгледаше како вистинска божица.
46-годишната актерка се појави со минималистичка комбинација препознатлива за неа, во која изгледаше беспрекорно.
Џоли носеше долг широк кафеав фустан во комбинација со златен накит, а најнеобичен беше златниот детаљ на нејзината уста.
На премиерата присуствуваа и нејзините деца, освен 17-годишниот Пакс, а најмногу внимание привлече Захара која за пригодата го позајмила фустанот на Џоли од Оскарите во 2014 година.
Во новиот филм на Марвел, чија премиера е закажана за ноември годинава, Џоли ја има една од главните улоги – еден вид бесмртна божица со натчовечки моќи.
Покрај неа, во филмот се појавува и Салма Хајек, која исто така присуствуваше на премиерата.
Во продолжение трејлерот за новиот филм на Џоли:
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





