Ким открива детали за фустанот на Мерилин Монро: „Бев на строга диета за да влезам во него, а го носев само неколку минути“

Цел месец била на строга диета и постојано вежбала за да може да ја собере и да помине само неколку минути во позирање, пред да облече идентична реплика за да не го оштети седејќи и јадејќи во него – Факти за фустанот на Мерилин Монро што Ким Кардашијан го носеше на Мет Гала 2022.

kim-kardashijan-so-meseci-makotrpno-se-podgotvuvala-za-da-go-obleche-a-go-nosela-samo-nekolku-minuti-fakti-za-fustanot-na-merlin-monro-01.jpg

Веќе е јасно дека Ким Кардашијан обожава да доминира на Мет Гала. Минатата година се појави во целосно црно издание на Balenciaga, а вели дека уште тогаш почнала да размислува за тоа што ќе носи оваа година.

kim-kardashijan-so-meseci-makotrpno-se-podgotvuvala-za-da-go-obleche-a-go-nosela-samo-nekolku-minuti-fakti-za-fustanot-na-merlin-monro-02.jpg

Нејзиното појавување на црвениот тепих во скандалозниот фустан на Мерилин Монро од 1962 година предизвика низа реакции.

Таа даде ексклузивно интервју за магазинот Vogue во кое појасни колку многу труд и напор вложила за да успее да влезе во провокативното издание на најпознатата русокоса во американската историја.

kim-kardashijan-so-meseci-makotrpno-se-podgotvuvala-za-da-go-obleche-a-go-nosela-samo-nekolku-minuti-fakti-za-fustanot-na-merlin-monro-03.jpg

Темата на годинешното издание на Мет Гала беше „позлатен гламур“, а гласините дека Ким ќе се појави во озлогласеното издание на Мерилин Монро почнаа да кружат неколку денови пред настанот.

„Идејата ја добив по галата во септември минатата година. Размислував што би носела во согласност со американската тема, ако не беше фустанот на Balenciaga? Кој е симбол за Америка? Тоа е Мерилин Монро. За мене моментот кога Мерилин Монро му пееше „Среќен роденден“ на Џон Ф. Кенеди е тој изглед“ – вели Ким.

kim-kardashijan-so-meseci-makotrpno-se-podgotvuvala-za-da-go-obleche-a-go-nosela-samo-nekolku-minuti-fakti-za-fustanot-na-merlin-monro-07.jpg

Познатата американска актерка Мерилин Монро го носеше фустанот во 1962-та година кога во Медисон Сквер Гарден му пееше „Happy birthday“ на тогашниот претседател на САД, Џон Кенеди, по повод неговиот 45-ти родeнден. Се знае дека таа побарала да ѝ биде направен фустан што ќе остане запаметен во историјата.

kim-kardashijan-so-meseci-makotrpno-se-podgotvuvala-za-da-go-obleche-a-go-nosela-samo-nekolku-minuti-fakti-za-fustanot-na-merlin-monro-14.jpgМерилин Монро и Марија Калас на гала-вечерта по повод роденденот на Џон Кенеди

Во видеото достапно на YouTube може да се слушне реакцијата на публиката која целосно останала шокирана од фустанот на Мерилин.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Важеше за секс симбол, а заради ментална болест се повлече од јавноста - Каде е и што прави денес Ки... По првиот паничен напад се затворила дома и не излегувала 6 месеци, а вели дека ...
Го засени и Дејвид Бекам на Вимблдон – Која е убавата Морган Ридл и како го украде шоуто на трибинит... „За време на целиот пренос Дејвид Бекам го покажаа само 4 пати, а Морган Ридл 87...
Факти за ќерката на Елвис Присли, која почина на 54 години - трагично го загуби синот, гледала додек... Била присутна во моментот кога нејзиниот познат татко починал и тоа ѝ оставило о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg