„Уште го сакам“ - Амбер Херд со шокантна изјава откако го обвини Џони Деп за силување и за насилство (фото+видео)

Амбер рече дека фамозниот текст што го напиша за Washington Post и (од каде започна целата судска сага што со години се провлекува и им ги уништи кариерите)  во кој тврдеше дека била жртва на насилство воопшто не се однесувал на Џони Деп.

„Текстот беше наменет за да го дадам својот глас во еден поголем културолошки дијалог што се водеше во тој период под влијанието на движењето #Me Too. Не сакав да помислат дека станува збор за него или да го наклеветам“ – рече таа.

Она што посебно привлече внимание за време на интервјуто е изјавата за нејзините чувства кон нејзиниот поранешен сопруг.

„Да. Да. Апсолутно. Сè уште го сакам. Го сакав со целото мое срце и направив сè за нашата токсична врска да успее. Но, не можев да го направам тоа. Немам лоши чувства за него. Знам дека на некои луѓе ќе им биде тешко да ме разберат, но ако некогаш сте сакале некого ќе ме сфатите“ – рече таа.

ushte-go-sakam-amber-herd-so-shokantna-izjava-otkako-go-obvini-djoni-dep-za-siluvanje-i-za-nasilstvo-foto-video-04.jpg

Таа во интервјуто рече дека до последниот ден ќе стои цврсто на тврдењата што ги изнела на судењето и дека таму ја кажала само вистината.

Адвокатите на холивудската актерка признаа дека таа нема доволно пари за да ја плати отштетата што ја должи, а рече дека стравува оти Џони Деп и понатаму ќе продолжи да ѝ се одмаздува за минатото.

ushte-go-sakam-amber-herd-so-shokantna-izjava-otkako-go-obvini-djoni-dep-za-siluvanje-i-za-nasilstvo-foto-video-05.jpg

Таа вели дека тој на суд го исполнил ветувањето што ѝ го дал во телефонска порака дека „доколку продолжи да говори за нивниот брак, јавно ќе ја понижи“.

Прочитајте и „По забавите со Мерлин Менсон 3 дена бев заложник, ме силуваше со шише“ - Амбер Херд со нови тврдења против Џони Деп

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Амбер Херд и уште 11 светски ѕвезди кои преку ноќ станаа омразени поради своите грешки Елен Де Џенерис беше обвинета за расизам и омаловажување на вработените во шоуто...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Федерер ја возвишува сопругата Мирка: „Одам со неа на шопинг и по 10 часа и правам сè што ќе посака ... „Кога сме на одмор, правам сè што таа ќе посака. Ако сака да оди 10 часа на шопи...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Посвоен син, ќерка што го смета за „пијаница“: Кои се (тајните) деца на Ози Озборн? Ози Озборн има дури шест деца, а оние најстарите велат дека бил лош татко бидејќ...

Најчитани неделава